РЕ Служба за заеднички работи

РЕ Служба за заеднички работи за потребите на целата ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје ги врши книговодствено-финансиските, аналитичките, техничките, комерцијалните и административно-правните работи.

Во состав на оваа РЕ егзистира централниот магацин за лекови, како и магацинот за потрошен материјал и основни средства.Во сметководството на оваа РЕ функционира отсекот за реализација на услуги, отсекот за ликвидатура и благајна, отсекот за плати, отсекот за финансова оператива, отсекот за материјално книговодство и основни средства со ситен инвентар и отсекот за финансово сметководство.

Во набавно комерцијалната служба функционираат магацинот за лекови, магацинот за административно канцелариски и општи материјали и магацин за авто делови. Во техничката служба функционира перална, автомеханичарски сервис, сервис за поправка на стоматолошка опрема и други медицински апарати.

 

Во правно-административната служба функционира одделението за правни работи, кадровското одделение, архивата, дактило бирото, отсек за одбрана, заштита при работа и противпожарна заштита и служба за дистрибуција на пошта и фотокопирница.

Кадровото одделение учествува во спроведувањето на постапката за засновање работен однос со нови работници во Домот.

Ги следи, проучува законските и другите прописи и општи акти од областа на работните односи и здравството и непосредно ги применува во практиката.Врши стручно кадровска обработка на предметите за кои се води службена евиденција и издава уверенија, односно други исправи-потврди за фактите со кои располага.Ги доставува податоците за кадрите до организацијата надлежна за вработувањето, органите надлежни за пензиското и инвалидското осигурување, здравственото оигурување, заводите за статистика.Ги евидентира статусните промени и кадровските движења во Домот.

Ја сложува документацијата на персоналните досиеја и ги внесува сите податоци кои настануваат за времетраењето на работниот однос.Правната служба ги анализира законските и позаконските акти и дава упатства за нивна примена, укажува правна помош на вработените, се грижи за комплетирањето и чувањето на документацијата од работата на органите на Домот, подготвува и издава Информативен билтен, одговара за административно-правното и канцелариско работење, го застапува Домот пред судските и други органи заради заштита на имотно-правните и други интереси на Домот.

 

 Аналитичкиот центар во склоп на РЗЗ во ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје се грижи за навремено извршување на работите согласно динамиката на планот за работа и непосредно учествува во извршување на задачите во рамките на Домот.Води пропишана евиденција и документација и предлага мерки за поефикасно извршување на дадените работни задачи.

Ги прибира и следи здравствено-статистичките податоци од Работните единици во Домот, одделенијата и отсеците , изготвува периодични и годишни извештаи , ги обработува добиените податоци и врши логичка контрола на добиените извештаи.Изготвува табели , графикони и соодветни информатички операции потребни за анализа на состојбите, и по потреба остварува контакти и дава сугестии за формата и видот на приложените податоци.

Врши анализа на обемот на извршената работа и изготвува компаративни анализи за следење на обемот и квалитетот на дадените здравствени услуги.Го следи морбидитетот , морталитетот и имунизацијата на населението, преку калкулирање на здравствените индикатори, карактеристични за поединечни возрасни групи.

Предлага мерки за поефикасно извршување на работата на Домот, изготвува вонредни извештаи, согласно потребите на менаџерскиот тим и учествува во организирање и спроведување на внатрешен надзор над стручната работа.

Контакт за информации: е-маил адреса
тел. 3134-534 лок.397 analitickicentar@yahoo.com