OE - Служба за превентивни и здраствени услуги на спортисти

СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ И здравствени услуги на спортисти
 
О.Е. СЛУЖБА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА СПОРТИСТИ

 
А. Одделение за функционална дијагностика - одредување на здравствената состојба, физички развиток, функционални способности истражување на исхраната( изготвување на диетни препораки) и  физикална медицина на спортисти, ученици и рекреативци. Координацијата ја врши:

 
-   Шеф ,
-   Др специјалист по спортска медицина,
-   Др специјалист по спортска медицина, доктор на медицински науки,
-   Др специјалист по физикална медицина и рехабилитација
-   Доктор на медицина - Спортски лекар
-   Медицинска сестра- техничар
 
 
Б.Одделение  на биохемиско хематолошка лабораторија
 
-   Шеф, дипломиран биохемичар
-   Лабораториски техничари
-   Садомијачка за лабораторија.
 
 В.Одделение за архивирање, наплата на услугите и одржување на хигиена
 
- Админ истратор картотекар
- Дактилограф архивар
 
Служба за превентивни И здравствени услуги на спортисти претставува превентивна и куративна специјалистичка  здравствена  организација и се грижи за  зачувување на здравјето на  активните учесници во натпреварувачкиот спорт, како и на рекреативците и останатата популација која сака да се занимава со дополнителна физичка активност.  
         
1. а) Здравствена контрола на спортисти кои се занимаваат со натпреварувачки спорт, поранешни спортисти и  рекреативци и други, преку вршење на специјалистички спортско-медицински систематски прегледи за следење на здравствената состојба, физичкиот развој и функционалните способности на срцево-садовниот и белодробниот систем.  
б) Лекување на  повредени и заболени спортисти, поранешни  спортисти, рекреативци и други и нивна рехабилитација за побрзо враќање  на спортските борилишта и на секојдневните   активности.  

2. Проценка на  здравствената состојба,  физичкиот развој и функционалните способности  на заболени  и  повредени  ученици  и студенти, а во врска со  нивната способност за следење на редовната практична настава  по предметот физичко  воспитување.
3. Дежурства на спортски манифестации   и натпреварувања.
4. Учество во изготвување  на здравствени правилници  на спортските сојузи и федерации,
5. Учество и организација на стручни состаноци, семинари, конгреси.
6. Учество   во  работата  на здравствени комисии   на спортски сојузи и федерации и Македонскиот Олимписки Комитет.
7. Соработка  со  Македонскиот  Олимписки  Комитет,  Спортскиот сојуз на  Македонија,  Сојузот на спортови на град Скопје.
8. Во Заводот се изведува и практична настава за  специјализација  на специјализантни по спортска  медицина.
9. Врши  систематски прегледи и оценка на здравствената состојба и физичкиот развој и способностите   на  воените обврзници  за воена служба во АРМ.
10. Повремено врши систематски прегледи за единиците за специјална намена при МВР.
 
Грижата за здравјето на спортски активната ученичка и студентска популација пред се е во надлежност на Државата и Институциите предвидени со позитивните законски и подзаконски акти.

ЦЕНОВНИК  НА  УСЛУГИ   НА СПОРТСКО-МЕДИЦИНСКИТЕ   ПРЕГЛЕДИ

УСЛУГА

ЦЕНА

1. ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД (СТАТУС НА ЦЕЛО ТЕЛО)320,00 денари
2. ПОТВРДА 40,00
3. КОНТРОЛЕН ПРЕГЛЕД 150,00
4. ЕКГ (12 ОДВОДИ) 250,00
5. СПИРОМЕТРИЈА ( СП ) 518,00
6. АСТРАНДОВ ТЕСТ ( АТ ) 180,00
7. СТРЕС ТЕСТ ( СТ ) 825,00
8. ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ: 
а) СЕДИМЕНТАЦИЈА 88,00
б) КОМПЛЕТ КРВНА СЛИКА 144,00
в) КОМПЛЕТ УРИНА 139,00
г) ГЛИКЕМИЈА 88,00
д) БИЛИРУБИН 112,00
ѓ) ХОЛЕСТЕРОЛ 124,00
9. МЕДИЦИНСКИТЕ БЕЛЕШКИ И ЛЕКАРСКИТЕ УВЕРЕНИЈА  СЕ НАПЛАЌААТ ПРИВАТНО: 
а). МЕДИЦИНСКА БЕЛЕШКА за ослободување од практична настава по физичко воспитување ( ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ) 240,00
б). ЛЕКАРСКО УВЕРЕНИЕ за ослободување од практична настава по физичко воспитување( ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА И ФАКУЛТЕТИ) и за упис во СУФК700,00