Почетна | Новости | На плоштадот Македонија, одбележан Светскиот Ден на здравјето – 7 април, со акција "Здравје за сите"

На плоштадот Македонија, одбележан Светскиот Ден на здравјето – 7 април, со акција "Здравје за сите"

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

07. април 2014г. - ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, на плоштадот Македедонија, го одбележа Денот на здравјето 7 Април,

 со поставување на Пункт за бесплатни превентивни прегледи за граѓаните. Вкупно 316 граѓани имаа можност да добијат бесплатни прегледи од страна на медицнските екипи на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје. 
 
Превентивните прегледи кои се спроведуваат според програмските активности на Министерствот за здравство на РМ,  имаат за цел на поголем број на граѓани да им се овозможи да добијат бесплатни превентивни прегледи -  проверка на крвен притисок, проверка на шеќер, холестерол, тежина, висина и да добијат совети за заштита и грижа за нивното здравје, имајќи ги предвид резултатите кои ќе ги добијат од анализите. 
 
Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Здравствениот дом, во сабота, на 05 април, исто така организираше акција за превентивни прегледи и во село Љубанци, каде беа прегледани 60 лица.
 
Превентивните прегледи, покрај откривање на ризик факторите имаат за цел и едукација на населенето за навремена контрола на сопственото здравје како битен фактор за зачувување на здравјето.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар