Почетна | Новости | Пролетна акција "Здравје за сите" во Скопје

Пролетна акција "Здравје за сите" во Скопје

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

23.03.2014 - Во пресрет на пролетта, граѓаните од Скопје,

имаа можност во предходните три дена, на четири различни локации во градот, во рамките на програмските активности на Министерството за здравство, да добијат бесплатни превентивни прегледи.
Акцииите се спроведоа од страна на медициските екипи од ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје во период од 08:00 до 14:00. Пунктовите беа поставени на следните локации, во петок на 21 март, пункт во ТЦ Лептокарија, при што се прегледаа 131 лице и пункт во ТЦ Чаир со вкупно прегледани 120 лица.

 

Во сабота 22 март, пунктот беше поставен во општина Бутел, при што се прегледаа 200 лица и во недела 23 март, во Ново Лисиче се прегледаа 202 лица.

 

Акциите  се спроведуваат со цел  на поголем број на граѓани да им се овозможи да добијат бесплатни превентивни прегледи -  проверка на крвен притисок, проверка на шеќер, холестерол, тежина, висина и да добијат совети за заштита и грижа за нивното здравје, имајќи ги предвид резултатите кои ќе ги добијат од анализите.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар