Почетна | Новости | Донација на Управа за јавни приходи по повод Светскиот ден на детето

Донација на Управа за јавни приходи по повод Светскиот ден на детето

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

По повод Светскиот ден на детето 20 ноември, а во рамки на програмата за одбележување на денот на даночниците „Св. Матеј“, Управата за јавни приходи донираше опрема за ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје.

Донираната опрема се состои од 80 торби за патронажните сестри и 16 дигитални ваги за мерење на телесната тежина на новороденчиња и доенчиња, а нејзината вредност изнесува 119.700 денари.
 
Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Скопје д-р Татјана Баевска Вучковиќ се заблагодари на донацијата и посочи дека опремата ќе биде распоредена во пет работни единици каде 75 патронажни сестри вршат домашни посети на новороденчиња, како и во 14 советувалишта за деца од предучилишна возраст во поликлиниките и амбулантите на подрачјето на Скопје и неговата околина.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар