Почетна | Новости | Клиниката за очни болести опремена со најсовремен ласер и два офталмоскопа

Клиниката за очни болести опремена со најсовремен ласер и два офталмоскопа

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Скопје 11 септември - Министерот за здравство Бујар Османи информираше дека на Клиниката за очни болести е пристигнат новиот ласер и два

офталмоскопа, а наскоро ќе биде отворен и тендер за опремување на сите очни одделенија и Очната клиника во Скопје со целата опрема што на нив им е потребна.

Направивме координативно тело бидејќи 2010 година ја прогласивме за Година на офталмологијата, ќе се концентрираме сите очни одделенија и Очната клиника во Скопје да ја добијат целокупната опрема која тие ја бараат. Добиена е дозволата, што беше најважен момент во услови на финансиска криза. Владата не штеди на здравството, така што набрзо ќе се отвори и тендерот за очна опрема, рече Османи во денешната изјава за медиумите.

Тој појасни дека апаратите за ретинопатија - ласер и офтомоскоп веќе се пристигнати на Клиниката за офталмологија.

- Веќе се направи скринингот на бебињата, односно на недоносените со ретинопатија, меѓутоа задоволен сум што и скринингот на слухот кој исто така го воведовме функционира беспрекорно, изјави Османи.

Тој потенцира дека се одвива последната втора фаза од тендерот за набавка на современа медицинска опрема за јавните здравствени установи.

- Отворањето е на 9-ти октомври. Направивме измена и апаратите кои дополнително ги набавуваме за Воената болница ги ставивме во овој тендер, така што и тие апарати - магнетна резонанца, компјутер-томограф и се што побараа од новата Градска болница инкорпорирана во овој тендер. Очекуваме, според плановите, договорот да го потпишеме во текот на октомври. Рокот на испорака е три до шест месеци, освен за ПЕТ-скенот кој е посебна апаратура каде што рокот на испорака е и до 12 месеци бидејќи тоа е посебна технологија, рече Османи.

Деведесет отсто од останатите - магнетни резонанци, компјутери-томографи, мамографи, линеарниот акцелератор, истакна тој, на Клиниката за онкологија имаат максимален рок на испорака шест месеци и очекуваме околу Нова година да почнат да пристигнуваат апаратите.

- Интензивно работиме на подготовка на адаптација на просторот. Направивме и акциони планови за едукација на кадарот бидејќи такви апарати добиваат болници кои порано немале магнетна резонанца, компјутер-томограф или, пак, немале коронарограф, па мора и стручна обука на кадарот за да се употребуваат тие апарати. Веќе правиме динамичен план тие да дојдат во Скопје за да се обучат. Мислам дека е ова голем проект кој треба да заврши оваа година и ќе биде историски проект за државата, нагласи Османи.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар