Почетна | Новости | СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во тек на одбележување на Светската Недела на доење за 2013 година, ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје,

според Програмските активности на Министерството за здравство на РМ, изготви брошура "Доењето – најдобар избор", за значењето, важноста и предноста на доењето за најмалите посебно истакнато во првите 6 месеци т.н. и ексклузивно доење.

Со изработката на овој информативно здравствен материјал ке се овозможи блиска информираност за родилките за сето она кое им е непознато пред се на почетокот кога е и најваќно да се знае.

Покрај родилиштата материјалот ке се проследува при посета од страна на Патронажната служба која прва има близок контакт по доаѓањето дома, како и во советувалиштата кои се одговорни за следење на растот и развојот на децата. Целта на оваа брошура е да се постигне одржлива лактација, а доколку има индикација за воведување на адаптирано млеко истото да се ординира исклучиво од медицинско лице.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар