Почетна | Новости | Целосно реконструиран Пунктот за имунизација во поликлиника Букурешт

Целосно реконструиран Пунктот за имунизација во поликлиника Букурешт

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

На 27 мај 2013 год., во поликлиника Букурешт беше пуштен во употреба целосно реконструираниот Пунктот за имунизација за деца од 0 до 6 годишна возраст.

Преку детално градежно преуредување, пунктот доби сосема нов лик, приспособен на очекувањата на децата и нивните родители, а истовремено зголемена е и функционалноста на просторот.
Санацијата и реконструкцијата на Пунктот за имунизација, извршена е преку партнерство помеѓу три институции.

Средствата во износ од 400 000 денари се обезбедени од ЕВН Македонија и од ЈЗУ  Здравствен дом на Скопје – Скопје, а стручната техничка поддршка, решенијата за адаптација и подигнување на медицинските и функционални стандарди се на Националната фондација за трансплатација. Реконструкцијата опфати целосно внатрешно уредување на Пунктот, промена на подот и санитарниот јазол, а вградени се и нови прозори. Пунктот е опремен и со нов мебел.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар