Почетна | Новости | ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА

ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Од 22 до 27 мај 2013 година, ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, со низа активности ја одбележа Европската недела на имунизација. Одбележувањето започна на 21 мај,

кај Школка во Градскиот парк со културно-забавен настан, каде  родителите се информираа, а на децата им се делеше разновиден промотивен материјал со содржини за имунизација.
На 22 мај, во организација на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, под покровителство на Министерството за здравство,  се одржа Семинар за превентивните тимови на ниво на Македонија по повод Европската Недела на Имунизација.

На семинарот поделен е  промотивен материјал (флаери и постери) до сите Здравствени домови во Македонија кој е целосно изработен од ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје.
Во текот на неделата,  нашите превентивни тимови од пунктовите за имунизација покрај редовната вакцинација во пунктовите, спроведоа и здравствено едукативни предавања и теренски вакцинации во основните училишта, Дневните центри на деца од улица, децата избеглици, децата роми од микросредини кои влегуваат во ризични групи и  рурални средни.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар