Почетна | Новости | Повторно отворена ноќната служба во поликлиника „Идадија“

Повторно отворена ноќната служба во поликлиника „Идадија“

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Следејќи ги актуелните потреби на граѓаните од општина Центар, на нивно барање на 17 март 2013 година, повторно е отворена ноќна - дежурната служба во поликлиника Идадија.

Ноќната дежурна служба ја отвори Министерот за здравство Никола Тодоров, на која присуствуваше и Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ кој  ја поздрави одлуката за повторно отворање на ноќната служба и најави обновување на паркинг просторот и детското игралиште, како и хортикултурно уредување на дворот од поликлиниката.

Дежурната служба во поликлиниката „Идадија“ е укината во 2007 година, меѓутоа поради густо населениот овој дел, како со постојан, така и времен престој се увиде потребата од нејзино повторно отварање.

Граѓаните од овој дел од градот во изминатиот период немаа пристап до ноќна служба во близина на нивното место на живеење и за добивање на здравствени услуги мораа да одат во Ноќна дежурна служба  во поликлиниките во Ѓорче Петров и Бит Пазар. Со отварање на ноќната служба во поликлиника Идадија, се очекува растеретување на поликлиникит Ѓорче Петров и Бит Пазар, особено ако се земе во предвид дека граѓаните од општина Карпош кои гравитираат во овој дел од општина Центар ке може да добиваат здравствени услуги во овој пункт.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар