Почетна | Новости | Нов начин на греење во Поликлиника Ѓорче Петров со повисоки стандарди за заштита на животната средина

Нов начин на греење во Поликлиника Ѓорче Петров со повисоки стандарди за заштита на животната средина

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Поликлиниката Ѓорче Петров доби нов начин на греење. Поставени се два парни котли со систем на течно гориво.

Котларата е изградена по сите европски нормативи со капацитет на четири резервоари на нафта, секој по четири тона. На овој начин се добиваат повисоки стандарди за заштита на животната средина и поголема енергетска ефикасност.

По тој повод поликлиниката Ѓорче Петров на 18 март 2013 год,  ја посетија директорот на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ  заедно со градоначалниците на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и  Сокол Митровски.

При посетата на поликлиниката, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ изјави "дека објектот изминатите 25 години се грееше на дрва и претставуваше еколошки загадувач во средината. На барање на месното население преку општината и градоначалникот Митровски пристапивме кон реконструкција и пренамена на начинот на греење при што запазувајќи ги европските стандарди поставивме два нови котли со нови пламеници, комплет нова инсталација и четири резервоари со четири тона. Со ова добиваме и енергетска добивка, но пред се го надминуваме долгогодишниот проблем како еколошки загадувач.

Истотака при изведбата на проектот и поставувањето на новите котли земена е во предвид и најавената гасификација во општината. Кај котлите е овозможено при доаѓање на гасификација во општината тие да можат веднаш да работат со затоплување на гас. Поставувањето на новите котли, пламеници и инсталацијата која комплетно е заменета, чини колку што чини сезонското набавување на дрвата".
Со реализација на овој проект исполнети се напорите за дефинитивно решавање на овој долгогодишен еколошки проблем.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар