Почетна | Новости | Меморандум за соработка на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, ЕВН Македонија и Национална фондација за трансплатација

Меморандум за соработка на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, ЕВН Македонија и Национална фондација за трансплатација

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во поликлиника Букурешт на 13.03.2013 година, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје,

, ЕВН Македонија  и Национална фондација за трансплатација.
    

Целта на потпишувањето на Меморандумот за соработка е зголемување на превенцијата на децата од најрана возраст. Директорката д-р сци. Татјана Баевска Вучковиќ,  на потпишувањето на Меморандумот нагласи дека во "сегментот на примарната здравствена заштита ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, се носители на превентивата која ја реализираат преку вакцинација и систематски прегледи на децата од предучилишна и училишна возраст.

Превенцијата претставува клуч на јавното здравје, а вакцинацијата како многу значаен сегмент од превентивата тоа го постигнува со реализирање на висок колективен имунитет и  квалитетен епидемиолошки статус. Вакцинацијата има посебно значење бидејќи тимовите кои се вклучени во реализацијата на овој процес се залагаат за висок опфат на реализација и сето тоа изминатиот период успешно го постигнавме.

Во текот на минатата година околу 8.000 деца се вакцинирани(примовакцина), а во советувалиштето во Поликлиниката Букурешт, кое е едно од првите и најстарите, и на годишно ниво се прикрепени околу 500 деца. Се со цел за подобри и поквалитетни услови за најмалите се пристапи кон соработка на овој проект".
    

Меморандумот за соработка помеѓу овие три институции подразбира реконструкција, реновирање и санација на просториите. Планирано е да се реновираат вкупно 14 советувалишта во градот. Реконструкцијата започнува од советувалиштето во поликлиника Букурешт.  Идејата е секое советувалиште да има своја приказна.
    

Предвидено е реконструкцијата која ќе опфати менување на подот, санитарниот јазол и внатрешно уредување, како и поставување нови прозорци и нов мебел, да заврши за три месеци.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар