Почетна | Новости | Најавен почетокот на проектот за флуоризација на млекото

Најавен почетокот на проектот за флуоризација на млекото

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Со оваа Програма се опфатени децата во градинките од три до петгодишна возраст Скопје 18 септември - Од 15 октомври почнува проектот за флуоризација на млe

млeкото  и децата кои се во градинките во Република Македонија на три до петгодишна возраст ќе можат да консумираат млеко на кое му е додаден флуор што значително ќе влијае во спречување на кариесот кај нив.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Бујар Османи, кој одржа работна средба со членовите на Координативно тело за имплементација на националната стратегија за превенција на орални заболувања кај децата до 14 години во Република Македонија.

Тој истакна дека стапката на кариес кај децата во Македонија е неколку пати повисока отколку што е препорачано од Светската здравствена организација и ова е една од клучните мерки кои треба да се преземат во борбата против кариесот што ќе влијае и на оралното здравје на децата и ќе има бенефит за целиот здравствен систем.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар