Почетна | Новости | ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје го одбележа Светскиот ден на дијабетес - 14 ноември, 2012

ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје го одбележа Светскиот ден на дијабетес - 14 ноември, 2012

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

14 ноември - Светскиот ден на дијабетес, оваа година е фокусиран на подигање на свеста за значењето на превенција од дијабетес,

влијанието на дијабетесот на животот на болните и превземање на мерки за контрола на болеста. Мотото на овогодишната кампања е:  Дијабетес: "Да ја заштитиме иднината"
ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, го одбележа Светскиот ден на дијабетесот со организирање бесплатни акции за мерење на шекер во крвта  во општините на градот Скопје.

На 12 ,13 и 14 ноември,  2012 година,  беа поставени пунктови  во повеќе општини на градот  и тоа во: Аеродром, Гази Баба, Шуто Оризари, Ѓорче Петров,  Кисела Вода, Центар, Карпош, Драчево, Чаир и Бутел, во период од 08:30 до 12:00. Медицинските екипи  измерија шекер во крвата на вкупно 1147 граѓани. Акцијата беше успешно спроведена.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар