Почетна | Новости | Ракот на дојката на прво место од малигните заболувања во Македонија

Ракот на дојката на прво место од малигните заболувања во Македонија

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Континуирана заложба на Министерството за здравство е обезбедувањето современа апаратура за рано

и прецизно дијагностицирање на ракот.Скопје 30 септември Во Македонија ракот на дојката се наоѓа на прво место од малигните заболувања кај жените и државата спаѓа во земјите со средна стапка на  инциденца, но со повисок морталитет.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, инциденцата на канцер на дојката е околу 61 случај, додека морталитетот е околу 25 случаи на 100.000 жители годишно, рече министерот за здравство Бујар Османи во воведното излагање на трибината „Ракот на дојката-рано откривање, прецизна дијагностика и соодветен третман“.

Ова, посочи тој, е последица главно на ненавременото јавување на лекар и задоцнето отпочнување со третманот. Научно е докажано дека со превенција и рано откривање, смртноста кај ракот се намалува во 30 отсто од случаите.

- Доказ дека нешто навистина се движи во позитивна насока е податокот дека за три години над 40.000 жени направиле ехо или мамографски преглед во рамки на Програмата за рано откривање, дијагностицирање и лекување на ракот на дојката во Македонија, истакна Османи на трибината во организација на НВО „Животна Искра“, по повод Октомври-месецот на борба против ракот на дојката, а како традиционален настан за зголемувањето на информираноста и подигнување на свесноста кај женската популација за навременото дијагностицирање и лекување на малигните заболувања.

Тој нагласи дека Македонија е водечка земја во регионот според бројот на прегледани жени во однос на бројот на женско население и една од ретките земји во светот каде Програмата е потполно бесплатна и жените кои сакаат да се прегледаат се ослободени од финансиски трошоци.

- За 2010 година, Министерството за здравство планира да воведе скрининг во повеќе пилот-градови каде има ЈЗУ кои во моментот се во можност да ги исполнат критериумите за скрининг како и почеток на реализирање на активностите кои ќе произлезат од Акцискиот план за скрининг на ракот на дојката. Наш подолгорочен план е од 2011 година да почнеме со спроведување организиран скрининг на територијата на државата со препорачан временски интервал за скринингот од три години за целна група на жени од 50 до 70 годишна возраст, рече Османи.

Во насока на унапредување на здравјето на жената, појасни тој, правиме напори од следната година да се отпочне со организиран скрининг за рак на грлото на матката, како и за отпочнување со скрининг на колоректалниот карцином кај мажите.

- Континуирана заложба на Министерството е обезбедувањето современа апаратура за рано и прецизно дијагностицирање на ракот (ехо апарати и мамографи) и употребата на најсовремени лекарства за третмани за болните од рак. Наша заложба е да ја донесеме врвната дијагностика во државата преку изградба и поставување на Центарот за позитронска емисиона томографија (ПЕТ), кој претставува нуклеарно медицинска техника за визуелизација, со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото, додаде министерот Османи.

Учесниците во трибината укажаа дека за да може да се зборува за современ третман на ракот на дојката важно е болеста да се открие во почетниот стадум и соодветно дигјагностицирање на болеста (точно утврдување на нејзиниот стадиум).

Важна е и достапноста до современите тераписки можности. Радиотерапијата е еден од тераписките модалитети кој се користи во лекувањето на ракот на дојката. Можностите за соодветно т.н. тродимензионална и современа радиотерапија во Македонија постојат. На Клиниката за онкологија и радиотерапија од 2003 година е инсталирана и се уште е во функција софистицирана радиотераписка опрема која дава можност за современ 3Д конформален радиотераписки пристап.

Важен сегмент во лекувањето е и системската терапија која се состои од хемотерапија, хормонска и таргет терапија.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар