Почетна | Новости | Не заборавајте редовно да го вакцинирате вашето дете

Не заборавајте редовно да го вакцинирате вашето дете

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни детски заболувања. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето. Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане

поотпорно на најтешките детски заразни болести. Само со редовна и потполна вакцинација се обезбедува сигурна заштита.

-ВАКЦИНИРАЊЕТО ВО НАШАТА ЗЕМЈА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО

-ВАКЦИНАЦИЈАТА Е БЕСПЛАТНА

-ВАКЦИНИРАЊЕТО И РЕВАКЦИНИРАЊЕТО СЕ ВРШИ СОГЛАСНО
КАЛЕНДАРОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

-ВАКЦИНИТЕ СЕ КВАЛИТЕТНИ, ПРОВЕРЕНИ И БЕЗБЕДНИ

-ПРАВО НА СЕКОЕ ДЕТЕ Е ДА БИДЕ ВАКЦИНИРАНО

-ДОЛЖНОСТ НА СЕКОЈ РОДИТЕЛ Е РЕДОВНО ДА ГО НОСИ СВОЕТО ДЕТЕ НА ВАКЦИНАЦИЈА

-ОБВРСКА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЛИЦА Е РЕДОВНО ДА ЈА ИЗВРШУВААТ ВАКЦИНАЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА

-ОБВРСКА Е ПРЕД СЕКОЕ ВАКЦИНИРАЊЕ ДЕТЕТО ДА ГО ПРЕГЛЕДА ЛЕКАР

ДЕСЕТ ПОРАКИ ЗА УСПЕШНА ВАКЦИНАЦИЈА

- Создава отпорност на организмот кон заболувањата
- Го спречува ризикот од заболувања
- Ја спречува смртноста од заболувањето
- Спречува инвалидитет И други последици
- Допринесува до зголемување на колективниот имунитет
- Спречува појава на епидемии од заразни болести
- Ги намалува трошоците за лекување
- Ги намалува трошоците за боледување
- Поголема ефективност на родителите на работни места
- Обезбедува здраво поколение

 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар