Почетна | Новости | НОВ КАБИНЕТ ЗА СТРАБИЗАМ НА ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ

НОВ КАБИНЕТ ЗА СТРАБИЗАМ НА ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

5 Октомври 2016 година - По повеќе од десет години во Здравствен дом Скопје во Поликлиника Букурешт се отвора нов кабинет за страбизам, во делот на офталмологијата, изјави при аботна посета, Министерот за здравство Никола Тодоров.

Во Скопје нема друг ваков кабинет на секундарно ниво. Тоа е нешто што недостигаше и во Здравствен дом Скопје, па сите пациенти за оваа дијагностичка процедура се упатувани на терцијарно ниво, односно на клиника, истакна Министерот за здравство Никола Тодоров. Тој исто така посочи дека годишно има над 1.700 пациенти кои што се упатувани на клиника, од кои најмалку 300 се упатувани од Здравствен дом Скопје, а со отворањето на овој кабинет сите тие пациенти услугата ќе можат да ја добијат во Поликлиника Букурешт.
Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска Вучковиќ рече дека кабинетот за страбизам е многу важен, бидејќи со редовните и задолжителни систематски прегледи што се вршат кај децата за раст и развој со новонабавениот апарат синоптофор истовремено ќе може да се врши и дијагностика и терапевтски третман. За страбизмот е важно колку порано се дијагностицира и се почне со соодветен третман, може да даде одлични резултати. Постојат повеќе причини за појава на страбизам, меѓутоа најважно е раното дијагностицирање и најчесто родителите, децата ги носат по втората до шестата година. 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар