Почетна | Новости | “АЛО ДОКТОРЕ” СПАСИ ЧОВЕК КАСНАТ ОД ЗМИЈА – НАД 113.000 ЈАВУВАЊА ЗА 2 ГОДИНИ

“АЛО ДОКТОРЕ” СПАСИ ЧОВЕК КАСНАТ ОД ЗМИЈА – НАД 113.000 ЈАВУВАЊА ЗА 2 ГОДИНИ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

16 септември 2016 - “Ало докторе” спаси човек каснат од змија. Влечугата го нападнала додека бил на планинарење во Источна Македонија.

Неговиот пријател веднаш се јавил на телефонот за лекарски совети каде дежурниот специјалист му објаснил како правилно да укаже помош и му беше даден совет каде може да прими серум. Потоа се јавија да се заблагодарат, изјави д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ, Директор на Здравствен дом Скопје. Ова е само едно од покарактеристичните јавувања на Ало докторе. За две години лекарски совет побарале над 113.000 граѓани од цела Македонија. Специјалистите велат дека им помагаат и на млади и на стари. Зголемен број на повици на  Ало докторе имало и изминатите неколку дена после серијата земјотреси во Скопје. За совет дневно се јавувале и по 1600 вознемирени граѓани. Од друга страна со воведувањето на линијата за совети и симптоматска терапија за 30 проценти намален е бројот на повици во Итната медицинска помош.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар