Почетна | Новости | НАД 100 ДЕЦА ПОСЕТУВААТ ЛОГОПЕД ВО НОВАТА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ОРДИНАЦИЈА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ДРАЧЕВО

НАД 100 ДЕЦА ПОСЕТУВААТ ЛОГОПЕД ВО НОВАТА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ОРДИНАЦИЈА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ДРАЧЕВО

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

22 септември 2016 година - Нов пункт со дисперзиран логопед е промовиран во Поликлиниката во Драчево. Логопедот ке работи секој вторник и четврток, а од 1 октомври ќе работи и во понеделник и во среда.

Станува збор за 10-та специјалистичка специјалистичка служба во Поликлиниката во Драчево и шести дисперзиран логопед во Скопје, покрај претходните пет кои фунционираат во поликлиниките „Јане Сандански“, Букурешт, во Ченто, Ѓорче Петров и Чаир.
Пунктот за дисперзиран логопед во Поликлиниката во Драчево го посети вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека кон крајот на јули до Здравствен дом Скопје било упатено барање од група граѓани за отворање служба за логопед во Поликлиниката во Драчево. Посочи дека со Здравствениот дом Скопје и Центарот за говор и слух, се договориле на ова барање позитивно да одговорат.
Директорката на Здравствен дом Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ, истакна  дека Поликлиниката Драчево во 2012 година била оскудна во делот на специјалистичките служби, но оттогаш наваму дејност по дејност ја проширува специјалистичката служба.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар