Почетна | Новости | ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЛИВАЛЕНТНИ ВАКЦИНИ ВО МАКЕДОНИЈА: ЕФЕКТИТЕ СЕ ОДЛИЧНИ

ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЛИВАЛЕНТНИ ВАКЦИНИ ВО МАКЕДОНИЈА: ЕФЕКТИТЕ СЕ ОДЛИЧНИ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

1 септември 2016 – Една година од воведувањето на поливалентните вакцини во Македонија ефектите се одлични, опфатот во првите шест месеци од годината е 48,55 проценти што значи дека за цела година тој ќе изнесува 97 отсто, изјави министерот за здравство Никола Тодоров при посета на Поликлника „Букурешт“ во Скопје.

 Поливалентните вакцини во Република Македонија прв пат се воведоа на 1 септември 2015 година. Вакцините се добро прифатени од населението и процентот на имунизација е одличен, што ја става Македонија во земјите со висок степен на имунизација на населението. Досега се дадени 54 илјади петовалентни и 54 илјади шестовалентни вакцини, особено важно е што несаканите реакции од овие вакцини се минорни во однос на несаканите реакции кои се јавуваа со вакцините кои претходно беа во употреба, изјави Тодоров. 
Во Здравствен дом Скопје на вкупно 25 илјади дадени вакцини има пријавено нула несакани реакции. На ниво на цела држава има пријавено само седум несакани реакции за една година од имунизацијата, што е драстично помалку од бројот на реакции со старите вакцини, кога се регистрираа 100 до 120 несакани реакции годишно. Министерот Тодоров, истакна дека со поливалентните вакцини бројот на боцкања се намалува од 13 на седум, што значи помалку стрес за децата и помалку посети на лекар, како и дека Министерството за здравство за поливалентните вакцини годишно издвојува 170 милиони денари. 
Директорката на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ изјави, дека во однос на вакцинирање на децата Здравствен дом Скопје опфаќа третина од Македонија и на годишно ниво се вакцинираат некаде околу 55 илјади деца од кои 7.448 како новородени до една година.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар