Почетна | Новости | ПРОМОВИРАН НОВ СОВРЕМЕН ДИГИТАЛЕН МАМОГРАФ ВО ПОЛИКЛИНИКАТА БУКУРЕШТ

ПРОМОВИРАН НОВ СОВРЕМЕН ДИГИТАЛЕН МАМОГРАФ ВО ПОЛИКЛИНИКАТА БУКУРЕШТ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

27 јули 2016 - Нов современ дигитален мамограф со висока резолуција и одличен квалитет на снимка, ставен e во функција во Поликлиниката Букурешт во Скопје.

По тој повод, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров ја посети Поликлиниката Букурешт, по што изјави дека станува збор за најсовремена технологија и за најсовремен мамограф со најдобри перформанси во однос на сите останати инсталирани во државата досега. Посочи дека со новиот мамограф ќе може да се прават двојно поголем број снимања во таа јавна здравствена установа.Директорката на Здравствениот Дом Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека Кабинетот за мамографски услуги во Поликлиниката Букурешт почнал да работи во 2005 година. Посочи дека на новиот мамограф за само три минути седобива комплетна дијагноза од снимањето.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар