Почетна | Новости | НАБАВЕН НОВ АПАРАТ ЗА ЕЕГ ВО ЗАВОДОТ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈ

НАБАВЕН НОВ АПАРАТ ЗА ЕЕГ ВО ЗАВОДОТ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

05. Мај 2016 - По 30 години,  набавен е нов ЕЕГ апарат за потребите на Заводот за ментално здравје на деца и младинци во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, при посета на Заводот. Исто така нагласи дека иако Заводот е на ниво на Здравствен дом – Скопје, сепак има специфична улога за целиот здравствен систем во Македонија, затоа што се занимава со менталното здравје на деца и на младинци и дава услуги на пациенти од нула, па до 27 години, а многу често и на цели семејства.


Директорката на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје - Скопје  д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, рече дека Заводот работи со тим од педијатар, психијатар, психолог, дефектолог, логопед и стоматолог, бидејќи за децата кои што се дијагностицираат и третираат е потребен мултидисциплинарен пристап. Преку овој ЕЕГ запис може да се направи увид во интелектуалните, психосоцијалните, психомоторните, јазичните и говорните способности на детето. ЕЕГ дијагностиката е особено значајна во дијагностицирање и следење на епилепсија, состојби и ЕЕГ промени кај деца со аутистичен синдром. Реализација на навремено ЕЕГ иследување може да значи започнување со соодветен третман што ќе ги намали или спречи натамошните компликации во развојот, истакна д-р Баевска-Вучковиќ. ЕЕГ кабинетот работи од 1988 година и досега се направени 30 илјади записи, што покажува колкав е обемот на работа и колку е важен Заводот.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар