Почетна | Новости | ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА (ЕНИ)

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА (ЕНИ)

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

24 април 2016 - Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај!“ од 24 до 30 април се одбележува Европската недела на имунизација.  Во Македонија ЕНИ се одбележува традиционално веќе по единаеесети пат.
По повод Европската недела на имунизација на 18 април во ТЦЦ Плаза во Скопје, се одржа  семинар со превентивните тимови од сите здравствени домови од Републиката. Покрај стручни теми поврзани со имунизацијата, на сите тимови им се подели и рекламен материјал поврзан со одбележувањето на ЕНИ.
 На 24 април во  Зоолошката градина во Скопје се стартуваше со одбележување на Европската недела на имунизација, во организација на Министерството за здравство, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје и Институтот за јавно здравје, во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија.
Во текот на одбележување на ЕНИ, нашите превентивни тимови,  покрај редовната вакцинација во пунктовите,  ќе имаат и  здравствено едукативни предавања и теренски вакцинации во основните училишта, деца роми од микросредини кои влегуваат во ризични групи и  рурални средни.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар