Почетна | Новости | НОВА ОПРЕМА ЗА ПОВЕЌЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ЧАИР

НОВА ОПРЕМА ЗА ПОВЕЌЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ЧАИР

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

25 април 2016 - Во работна посета на Поликлиниката на 25 април беше министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека има голем интерес за користење на петте нови апарати во делот на физикална терапија, а со новиот биохемиски анализатор двојно се зголемила можноста или капацитетот на давање лабораториски услуги, како и видот на услуги кои се даваат во Поликлиниката. Посочи дека новото ехо има и кардиолошка и абдоменална сонда со што за првпат се воведува оваа дијагностика во Поликлиниката во Чаир.
Оваа поликлиника покрива 120.000 жители и со набавката на овие нови апарати се овозможува жителите од овој дел на градот да ги добиваат услугите многу поблиску до нивното место на живеење.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар