Почетна | Новости | ОПШТИНАТА ЧУЧЕР САНДЕВО ДОБИ ПУНКТ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

ОПШТИНАТА ЧУЧЕР САНДЕВО ДОБИ ПУНКТ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

10.04.2016 – Отворен е нов пункт на Итна медицинска помош (ИМП) во општината Чучер Сандево, која опфаќа 14 населени места со 20.000 жители.

дицинска помош (ИМП) во општината Чучер Сандево, која опфаќа 14 населени места со 20.000 жители. Станува збор за осми по ред пункт на ИМП на подрачјето на Скопје. Пунтот е лоциран во амбулантата Сандево и ќе работи 24 часа, со по еден тим и едно возило.
Министерот за здравство Никола Тодоров,  го посети пунктот при што изјави дека со неговото отворање ќе се овозможи сериозно намалување на времето на одговор на повик на ИМП за сите жители во овој дел, имајќи предвид дека порано тој бил покриен со екипи на ИМП од Чаир на кои многу често им биле потребни 45 минути, некогаш и еден час за да одговорат на повикот. Отворањето на дисталните пунктови, се овозможи како резултат на еден од најголемите проекти за инвестиции во ИМП кои ги имаме во Здравствениот дом Скопје.
Директорката на Здравствен дом Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ рече дека "Стратегијата за јакнење на капацитетите на здравствената заштита во дисталните поликлиники придонесува да ги доближуваме здравствените услуги. Ги следиме потребите на заедницата. Целта ни е да го скратиме времето на одговор и во делот на примарната здравствена заштита која е задолжителна за секој граѓанин преку матичните лекари, преку проектот на рурален доктор и сега со овие дистални пунктови навистина ја доближуваме здравствената услуга до граѓаните". 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар