Почетна | Новости | НОВИ ТИМОВИ, ПОВИСОКА ПЛАТА И НОВИ ВОЗИЛА ВО ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

НОВИ ТИМОВИ, ПОВИСОКА ПЛАТА И НОВИ ВОЗИЛА ВО ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

27.03.2016 - Нови 25 тимови во Итна медицинска помош, започнаа со работа. Наместо седум, сега градот ке го опслужуваат 11 екипи во смена. Ова представува сериозно освежување на службата како и драстично намалување на времето за повик, со што се намалува времето на чекање од 5 до 10 минути, кое е во голем интерес на граѓаните.

При работна посета во базата на Итната медицинска помош во поликлиника Букурешт, Министерот Тодоров ги поздрави новите тимови и најави и набавка на 12 нови возила кои дополнително ќе ја олеснат работата. Од овој месец вработените во  Итната медицинска помош  добија и повисоки плати. 
Ова е од голема помош за нас, во ноември имавме 15 лекари кои ги пуштивме на специјализација и имавме потреба од кадар. Со новите тимови работата многу е олеснета, изјави  д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ,  Директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар