Почетна | Новости | ЗАПОЧНУВА ДА ФУНКЦИОНИРА КАБИНЕТОТ ЗА ЕХОДИЈАГНОСТИКА НА АБДОМЕН И ТИРОИДЕА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ВО ДРАЧЕВО

ЗАПОЧНУВА ДА ФУНКЦИОНИРА КАБИНЕТОТ ЗА ЕХОДИЈАГНОСТИКА НА АБДОМЕН И ТИРОИДЕА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ВО ДРАЧЕВО

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

29.02.2016 - Во Поликлиниката Драчево од 01 март, започнува да функционира Кабинетот за еходијагностика на абдомен и тироидеа. Двајца специјалисти ќе ги прегледуваат пациентите од населбата Драчево и околината, кои досега беа препраќани или во други поликлиники или во терцијално здравство.

Министерот за здравство, Никола Тодоров ја посети Поликлиниката и најави дека од 01 март, се воведува нова дијагностика за околу 80.000 жители кои гравитираат во овој дел на Скопје.
– Станува збор за еходијагностика којашто досега воопшто не беше овозможена на пациентите од овој регион на градот. Станува збор за ехо на абдомен и ехо на тироидеа. За овие две дијагностички процедури досега пациентите се препраќаа во други поликлиники и на терцијално ниво на здравствена заштита. Согласно податоците од „Мој термин“ станува збор за околу 1.000 пациенти годишно кои се упатувале кон други здравствени установи со цел да се изврши ваков преглед, истакна Тодоров.
Според директорка на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје – Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ, целта е доближување на специјалистичките услуги според местото на живеење на граѓаните придонесувајќи за квалитетот на нивниот живот.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар