Почетна | Новости | СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА ЕЛЕКТРОМИОГРАФ (ЕМГ) ВО ПОЛИКЛИНИКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА ЕЛЕКТРОМИОГРАФ (ЕМГ) ВО ПОЛИКЛИНИКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА ЕЛЕКТРОМИОГРАФ (ЕМГ) ВО ПОЛИКЛИНИКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

"Овој апарат е  неопходен како дијагностичка процедура во делот на неврологијата, но и во други специјалности. EMG  апаратот се воведува првпат во историјата на Здравствен дом Скопје и за него има огромна потреба. Новиот апарат сериозно ќе помогне да се забрза пристапот до овие услуги на пациентите и да добијат побрзо здравствена услуга и поблиску до своето месето на живеење", изјави Тодоров при посетата на Поликлиниката Ѓорче Петров.
"Прегледите со новиот EMG апарат ќе бидат креирани со Мој термин, два дена во неделата, вторник и четврток. Ќе бидат отворени пет термини, бидејќи дијагностичката процедура трае од 40 минути до еден час. Доколку има потреба ќе отвориме и нови термини", истакна Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ.
EMG  е интердисциплинарна дијагностичка процедура која ја користат повеќе области, а пред се неврологијата, трауматологијата, ортопедијата, неврохирургијата и педијатријата. Воглавно се користи за дијагноза на болести на периферниот моторен неврон и мускулни заболувања

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар