Почетна | Новости | ВО ПОЛИКЛИНИКАТА БУКУРЕШТ ПРВПАТ ТРЕТМАН НА КАЛЦИФИКАТИ

ВО ПОЛИКЛИНИКАТА БУКУРЕШТ ПРВПАТ ТРЕТМАН НА КАЛЦИФИКАТИ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

09 декември 2015 - Поликлиниката Букурешт доби нова опрема од 4 милиони денари за физикална терапија која е ставена во функција за пациентите. Ова е првпат ваков апарат кој третира калцификати, да се инсталира на ниво на здравствен дом и се очекува да ја подобри и доближи услугата до пацинетите. Годишно во оваа поликлиника се третираат 11.000 пациенти на физикална терапија.


Министерот за здравство Никола Тодоров,  при посетата на поликлиниката Букурешт истакна дека новата опрема ја замени дотраената, која во некои сегменти е набавена во раните 80. години.
Станува збор за апарат кој помага сериозно во третирањето на калицификатите и кој супституира определана медикаментозна терапија. Ваков апрат се набавува  првпат во јавното здравство на ниво на здравствен дом и нема друг здравствен дом во Македонија што има ваков апарат, изјави Тодоров
Тодоров посочи дека сите кабинети во делот на физикална терапија се опремени со нови апарати и очекува дека со тоа и со реновирањето, на поликлиника да се даваат услуги со повисок квалитет на поголем број пациенти.
Директорката на Здравствен дом Скопје д-р Татјана Баевска Вучковиќ, истакна дека се зголемува бројот на пациентите и дека токму во таа насока се набавени и новите апарати.
Физикалната терапија се повеќе се применува особено во хронично дегеренативни заболувања меѓутоа доста актуелна и во најпродуктивната фаза од 25 до 50 години каде луѓето со болки од различна природа како и калцификатите, кои се создаваат од нераздвиженост, спортски повреди, неправилно вежбање, посоперативно ќе имаат можност да ги добиваат третманите за аналгетско разбивање на калцификатите, рече Баевска.
Апаратот работи со дренирање со удари, а третманот се повторува на пет до шест недели и го одредува докторот.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар