Почетна | Новости | ВО ПОЛИКЛИНИКА ДРАЧЕВО ОТВОРЕНА ИНСУЛИНСКА АПТЕКА

ВО ПОЛИКЛИНИКА ДРАЧЕВО ОТВОРЕНА ИНСУЛИНСКА АПТЕКА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

22 октомври 2015 - Отворена е Инсулинска аптека во поликлиниката во Драчево, која ќе опслужува 3.000 пациенти од таа населба и од соседните населени места, кои досега инсулинот го подигаа во Поликлиниката „Јане Сандански“.

Станува збор за шеста инсулинска аптека при Здравствен дом – Скопје. Инсулинската аптека ја посети, министерот за здравство Никола Тодоров. Министерот при тоа нагласи дека сите пациенти од Драчево, село Драчево, Студеничани, Зелениково итн., мораа да патуваат до Поликлиника „Јане Сандански“ во Аеродром за да ја подигнат инсулинската терапија, а со отворањето на оваа инсулинска аптека овие 3.000 пациенти ќе можат да си ја подигнат терапијата во оваа Поликлиника.
Со оваа шеста инсулинска аптека покриен е  целиот град Скопје и околината. Со отворањето на овие инсулински аптеки надвор од централното градско подрачје овозможено е  граѓаните да си ја подигнат инсулинската терапија поблиску до местото на живеење.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар