Почетна | Новости | УЧЕСТВО НА ПЕДИЈАТРИСКИ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА ПЕДИЈАТРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УЧЕСТВО НА ПЕДИЈАТРИСКИ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА ПЕДИЈАТРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Од 08.10.2015 година до 11.10.2015 година во Струга се одржа шесттиот Меѓународен Конгрес на педијатрите на Република Македонија на кој учествуваа повеќе од 600 лекари од земјава како и нивни колеги од регионот, од државите на ЕУ и експерти од Велика Британија, САД и Канада.

Директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје – Скопје, Член на националниот комитет за имунизација и Потпретседател на Здружението на педијатри на РМ,  д-р спец.Татјана Баевска Вучковиќ имаше активно учество како модератор на сесијата за  Имунизација /Вакцинација со презентација за Приказ на имунизацијата за 2014 година на територија на град Скопје.
На педијатрискиот конгрес што се одржува на секои четири години, беа опфатени повеќе значајни теми, ретките болести, трансплатацијата, интензивна нега и терапија, пореметувања во развојот кај децата од раѓање што влегува во делот на рано приметување на аутизам и вакцинацијата.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар