Почетна | Новости | ЕДНА ГОДИНА ОД ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА АЛО ДОКТОРЕ

ЕДНА ГОДИНА ОД ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА АЛО ДОКТОРЕ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

15 септември 2015 - Проектот „Ало докторе“ почна да функционира пред една година и ги надмина очекувањата. Проектот почна со 13 доктори специјалисти кои одговараа на повиците на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“, а денеска линијата функционира со 25 специјалисти.


За една година на линијата се регистрирани 51.700 повици од граѓани и од 1.000 до 1.200 јавувања на неделно ниво.
Ова денеска го истакна директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска – Вучковиќ по повод одбележувањето од една година од функционирањето на телефонската линија „Ало докторе“.
За цела оваа година се покажа дека многу е важно и многу е со висок приоритет 24 часа во текот на денот да имате достапно стручно лице кое може да ве сослуша. 
Околу 20 до 25 проценти телефонската линија 194 е растеретена за Скопје, а верувам и за другите центри бидејки на 02/15 123 може да се јави секој од Република Македонија, додаде Баевска – Вучковиќ.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар