Почетна | Новости | ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ – СКОПЈЕ, ПРЕКУ МИКРОГРАНТ ДОБИ АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ОД АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВАЧКА

ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ – СКОПЈЕ, ПРЕКУ МИКРОГРАНТ ДОБИ АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ОД АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВАЧКА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

24.08.2015 - Во базата на Итна медицинска помош - Поликлиника Букурешт беше организирано примопредавање на микрогрант - амбулантно возило од Амбасадата на Република Словачка на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје. Амбулантното возило е наменето за Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е комплетно опремено со медицинска опрема.


Настанот се одржа во присуство на Г-дин Мартин  Безак Амбасадор  на Република Словачка , Г-дин Иво Крпелан –Регионален  директор  на Фалк за Средна и Источна Европа, Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје  Др. Спец.Татјана Баевска Вучковиќ,  дипл.екк.Бесим Кока и Деканот на Медицински  факултет  Проф.Др.Никола Јанкуловски.
Од  голема важност   е зајакнувањето на возниот парк на Службата за ИМП   со  микрогрант амбулантното возило  од страна на Амбасадата на  Република Словачка, бидејќи Службата за итна медицинска помош е од витално значење за градот и неговата околина која со својата дејност  услужува околу 700 000 жители.
Покрај секојдневните итни и одложени интервенции во доменот на здравствената заштита на населението, врши медицински транспорт на пациенти во градот,во  државава и надвор од неа според медицинска индикација или на барање на пациентот.
Службата врши медицински обезбедувања на собири и манифестации од различен карактер (спортски натпревари, културни и политички збиднувања и др.) Во 2012 година возниот парк на службата е зголемен со 14 нови санитетски возила целосно опремени со стандардна медицинска опрема и апаратура. Во 2015 година споредено со податоците од 2014 година, зголемен е бројот на самостојно решени интервенции на терен  од страна на Службата за  Итна медицинска помош.
Бенефитит е двоен како за Службата за Итна медицинска помош, така и за корисниците на  услугите-пациентите со  надеж за   понатамошна соработка и подршка  од страна на донаторите.




  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар