Почетна | Новости | ОДБЕЛЕЖАНА СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕ - "Доење и работа, да го направиме тоа реалност"

ОДБЕЛЕЖАНА СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕ - "Доење и работа, да го направиме тоа реалност"

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Здравствениот Дом Скопје, активно се вклучи во одбележувњето на Светската недела на доење, која се одбележува во период од 1 до 7 август.

 На 4 август,  во Скопје Сити Мол, по тој повод беше одржана прес-конференција организирана од НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во соработка со Здружението на педијатрите на РМ, Здружението на неонатолози на РМ, Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и Здравствениот дом Скопје.
На одржаната прес-конференција, се зборуваше за актуелната состојба и перспективите за унапредување на доењето во РМ како и за перспективите за отварање на банка за хумано млеко,  улогата на породилиштата  и неонатологот во иницијација на доењето и на превентивние  тимови  и патронажните сестри во одржувањето на доењето.
После одржуваната прес-конференцијата следеа серија на  едукативни предавања поврзани со доењето.  Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, Д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ, одржа предавање за значењето и улогата  на превентивните тимови и патронажната служба во одржувањето на доењето.
За одбележување на Светската недела на доење, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, според Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ, изработи флаери и постери со наслов ДОЕЊЕТО – НАЈДОБАР ИЗБОР ! НА МАЈКИТЕ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОДДРШКА. 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар