Почетна | Новости | НА ЕСЕН МИЛАДИНОВЦИ ЌЕ ДОБИЕ НОВА АМБУЛАНТА

НА ЕСЕН МИЛАДИНОВЦИ ЌЕ ДОБИЕ НОВА АМБУЛАНТА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

16 јули 2015 година - Камен-темелник на нова амбуланта беше поставен на 16 јули, во населено место Миладиновци, општина Илинден.

Станува збор за инвестиција од 14,5 милиони денари. Изградбата на амбулантата, која ќе се простира на површина од 250 м2, ќе заврши наесен кога пациентите од тој регион ќе почнат да ги добиваат здравствените услуги во новоизградениот објект. На граѓаните од овој региион ќе им бидат на располагање две ординации по општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за патронажа (вакцинација), просторија за интервенција, лабораторија, аптека, чекална, како и санитарни јазли за пациенти и персонал.
На поставувањето камен-темелник присуствуваше министерот за здравство,  Никола Тодоров, директорката на Здравствен дом – Скопје д-р спец. Татјана  Баевска Вучковиќ и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.
Старата амбуланта е изградена во 1967 година и во лоша инфраструктурна состојба. Тука се прикрепени над 4.000 пациенти и кон оваа амбуланта гравитираат пациенти од шест населени места во општина Илинден.  Заради тоа на иницијатива на градоначалникот и со поддршка на Министерството за здравство и Здравствениот дом Скопје ќе се отпочне  со изградба на комплетно нова амбуланта која ќе биде поголема од старата и во која ќе има подобри  услови за работа и функционирање на двата матични лекари, изјави Тодоров.
Директорката на Здравствен дом Скопје, д-р спец. Татјана  Баевска Вучковиќ, истакна дека во редот на капитални инвестиции после 48 години во населеното место Миладиновци се гради нова амбуланта. Ова е пример на меѓуинституционална соработка, соработка со локалната самоуправа која ги следи потребите на граѓаните и во соработка со Министерството за здравство и Здравствен дом Скопје, каде амбулантата припаѓа во делот на давање услуги на примарна здравствена заштита, се започна овој проект, рече Баевска Вучковиќ, исто така посочи дека по завршување на новиот објект, стариот објект ќе биде урнат и на тоа место ќе биде направен паркинг и просторот партерно ќе биде уреден.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар