АКТИВНОСТИ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи преку СВР Скопје на 10.07.2015 година (петок) во период од 21 часот до 24 часот пред Т.Ц. Бисер, организираше промоција на активност за информирање и превенција на младата популација
за штетните последици од конзумирање на алкохол, дрога и цигари и за негативното влијание на овие консументи врз развојот на младата личност како од медицински аспект така и од аспект на ризик фактор во сообраќајот и на социјалното однесување.
ЈЗУ Здравствен Дом Скопје во рамките на проектната активност беше вклучен со делење на промотивен материјал за превенција и заштита на младите лица за сите фактори на ризик за кои треба да бидат посебно внимателни во секојдневниот живот од употреба на алкохол , цигари и психотропни супстанци.