Почетна | Новости | АКЦИЈА НА БЕСПЛАТНИ ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ, ОРГАНИЗИРАНА ОД ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ - СКОПЈЕ

АКЦИЈА НА БЕСПЛАТНИ ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ, ОРГАНИЗИРАНА ОД ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ - СКОПЈЕ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во пресрет на летниот период и престојните високи температури, а со цел грижа за здравјето и потребата за навремени превентивни прегледи, во рамки на Програмата "Здравје за сите", на Министерството за здравство,

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје на 17 јуни, организираше акција на бесплатни прегледи и совети за превенција од топлото време на два пункта во градот. Едниот пункт беше поставен во Т.Ц. Лептокарија при што се прегледаа 60 лица, а вториот пункт во парк Чаир, каде се прегледаа 55 лица.
Граѓаните на поставените пунктови имаа можност во период од 08:00 до 11:00, да добијат бесплатни превентивни прегледи од страна на здравствените тимови. 
На граѓаните им се мереше крвен притисок, телесна тежина и висина, им се одредуваше шеќер и маснотии во крвта. При прегледите се даваа совети за грижа за здравјето, начин на исхрана, превенција од температурни влијанија. Резултатите од извршените мерења на граѓаните им се соопштуваа веднаш по мерењето.
Кај 3 лица им  е откриен покачен крвен притисок и на  3 лица се открија зголемени вредности на шекер во крвта. Истите се  се советува  да се јават кај својот матичен лекар за натамошни прегледи.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар