Почетна | Новости | ВО ПОЛИКЛИНИКА ЈАНЕ САНДАНСКИ ЗАПОЧНА ДА РАБОТИ ДЕЖУРЕН ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ

ВО ПОЛИКЛИНИКА ЈАНЕ САНДАНСКИ ЗАПОЧНА ДА РАБОТИ ДЕЖУРЕН ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

09.01.2015 - Во поликлиника Јане Сандански во рамките на Здравственот Дом, од 09 јануари 2015 год., започна да работи дежурен педијатриски пункт, во кој се ангажирани педијатри од Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле во Скопје,

Здравствен Дом, како и педијатри кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како приватни здравствени установи.
Пунктот, според соопштението на  Министерството за здравство, ќе работи секој ден (од понеделник до сабота) од 19:30 до 23 часот и во недела од 8 до 23 часот.
Дежурниот педијатриски пункт е надополнување на дежурните служби во рамки на Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле во Скопје. Во него ќе се вршат амбулантски прегледи на деца кои досега како итни случаи се третирале на универзитетската клиника. 
Во функција на педијатрискиот пункт има и дежурна лабораторија, која е особено значајна за воспоставување брза диференцијална дијагностика во педијатријата. На овој начин, ќе се утврди дали има потреба детето да се упатува на повисоко ниво на здравствена заштита, или пак конкретната здравствена услуга може да ја обезбеди педијатарот во пунктот. За преглед во педијатрискиот пункт не е потребен упат, а секое дете ќе добие брза и квалитетна здравствена услуга од високостручен кадар во ОВАА област-лекар специјалист по педијатрија.  
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар