Почетна | Новости | Набавка на компјутерски томограф за поликлиника Јане Сандански

Набавка на компјутерски томограф за поликлиника Јане Сандански

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Скопје, 19 декември 2014 - Поликлиниката „Јане Сандански“ во состав на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје ќе добие апарат за компјутерска томографија, со кој значително ќе се подобри дијагностиката на секундарно ниво и оваа услуга ќе ја направи подостапна и побрза за граѓаните информира Министерот за здравство Никола Тодоров.

За да може да се врши квалитетна дијагностика на овој апарат, доктор специјалист радилог од поликлиниката испратен е на обука  за компјутерска томографија во Словенија. Докторот  претходно бил на обука и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Откако ќе се врати од Словенија, во периодот до ставањето во функција на овој апарат докторот уште еднаш ќе биде упатен на обука во странство.  
Во Здравствениот Дом Скопје,  има уште двајца рентгенолози кои исто така ќе бидат упатени на едукација, а во рамки на проектот на Министерството за здравство, се планира да бидат ангажирани пензионирани доктори од Клиничкот центар кои ќе помагаат во првиот период односно првата и втората година.
Тројца доктори од Здравствениот дом се испратени на специјализација за рентгенологија кои за три години треба да ја завршат. Така што "во период две до три години ќе бидеме на сериозно високо ниво екипирани и од аспект на опрема  и од аспект на кадар", истакна министерот Тодоров по денешната средба со директорите на Здравствениот дом на Скопје.  
Апаратот за компјутерска томографија за поликлиниката „Јане Сандански“ се набавува со средства на Здравствениот дом од Скопје.
Со набавката на компјутерот во поликлиниката „Јане Сандански“ каде што ќе се прават сите снимања "очекуваме сериозно да се растовари овој сегмент, значително да се забрза добивањето на оваа здравствена услуга, односно дијагностичка процедура која е од исклучително големо значење, потенцира министеротТодоров".
 
zds2_639557849.jpg 
 
На ваков начин, според министерот Тодоров, со сите специјалисти во кои се вклучени и новите 29 само во изминатата година, како и докторите испратени на специјализација, набавката на медицинска опрема и на овој компјутер ќе се подигне Здравствениот Дом на Скопје на повисоко ниво и ќе ја зацврсти неговата улога на столб на здравствениот систем на секундарно ниво во градот Скопје. 
Од започнувањето на функционирањето на новиот систем „Мој термин“ од 1 септември 2013 до 15 декември годинава во поликлиниката „Јане Сандански“ пружени се 120.970 здравствени услуги на специјалистичко ниво. Од нив, како што информира директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ, 18.485 услуги се од службата за ренген дијагностика и ехосонографија.  Оваа статистика, покажува дека најголем број од пациентите кои се обратиле за здравствена услуга во Здравствен дом Скопје, се комплетно обработени.  
Со поддршка на ресорното Министерство, рече Баевска Вучковиќ, "Здравствениот Дом се развива во насока на дијагностика и отворање нови служби. Набавката на овој апарат за компјутерска томографија, најдобро и наједноставно ќе се доближат здравствените услуги на секундарно ниво до граѓаните според местото на живеење".

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар