Почетна | Новости | Одбележување на Светскиот ден на дијабетес – 14 ноември 2014

Одбележување на Светскиот ден на дијабетес – 14 ноември 2014

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Мотото на Светскиот ден на дијабетесот оваа година е "Здрава исхрана и дијабетесот".

Оваа година активностите за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот  ТИП 2 и ефикасно контролирање на дијабетесот како би се избегнале компликациите.

Според програмските активности за акцијата Здравје за сите, на Министерството за здравство, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, Светскиот ден на дијабетесот  го одбележа со организирање бесплатни превентивни прегледи со поставен пункт на плоштад Македонија  во период од 08:30 до 13:00.

Пунктот го посетија  директорката на Здравствен дом Скопје – д-р спец.Татјана Баевска Вучковиќ и Предстедателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, прим. д-р Аврам Ванковски.
Годинешното мото е „Здрава исхрана и дијабетесот“, бидејќи покрај генетската предиспозиција за дијабетесот влијание има физичката неактивност, исхраната, стресот и токму затоа акцентот денеска се дава на совети за здрава исхрана. Од март месец кога започнаа превентивни активности „Здравје за сите“, досега 1.373 граѓани пристапиле на пунктовите за прегледи, изјави д-р Татјана  Баевска Вучковиќ.

Предстедателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, прим. д-р Аврам Ванковски, истакна дека оваа болест 70-80 отсто може да се контролира од самиот заболен преку конзумирање здрава храна и физичка активност. Потенцира дека е особено важно редовното мерење на шеќерот во крвта.

Медицинските екипи од ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, на 345 граѓани измерија   шекер во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина и совети за здрава исхрана.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар