Почетна | Новости | Над 8.000 повици во кол центарот „Ало докторе“ за два месеци

Над 8.000 повици во кол центарот „Ало докторе“ за два месеци

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Повеќе од 8.000 граѓани се јавиле на линијата „Ало докторе“,

да побараат лекарски совет, за неполни два месеци откако е ставена во функција. Телефонската линија е  достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Во моментот, 22 специјалисти лекари се оперативни во повикачкот центар, а според досегашните резултати, искуството од овој проект е многу позтивно.

Според  директорката на Здравствен дом Скопје, д-р Татјана Баевска Вучковиќ, најчесто граѓаните бараат совети од областа на педијатријата, доколку чувствуваат некаква болка, за респираторни и кардиоваскуларни проблеми.

Целта на центарот е да се обезбедат советодавни здравствени услуги, односно консултации и упатства за граѓаните при појава на сипмтоми за кои не е неопходен итен медицински третман (главоболка, настинка, покачена телесна температура).

Работата на овој центар во извесна мерка ја намали и оптовареноста на службата за Итна помош.

Според д-р Јованка Костова, од Министерство за здравство, граѓаните се чувствуваат посигурно кога за моменталниот здравствен проблем ќе поразговараат со лекари, а во ургентни состојби, ваквите медицински совети можат да спасат и живот.  

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар