Почетна | Новости | Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“

Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“, во рамки на кампањата

на Владата за подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот, се одржа на 17 септември, во Градски парк 2 во Скопје.
На вежбата присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров, кој пред нејзиниот почеток изјави дека на вежбата ќе се направи симулација на сообраќајна незгода во која се вклучени две возила.
- Ги има трите слаби точки предвидено во оваа симулација. Возачот на едното возило симулирано е дека во алкохолизирана состојба, совозачот е без сигурносен појас, а во другото возило возачот зборува на мобилен телефон, рече Тодоров.
За повредените во сообраќајната несреќа беа повикани три возила на Брза Помош кои ги пренесоа повредентие до соодветните здравствени установи.
Нагласи дека во кампањата посебно укажуваат на носењето појас, незборување на мобилен телефон за време на управување со моторно возило и неуправување на моторно возило во алкохолизирана состојба.
Kaмпањата за подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот Владата ја почна на 12 септември во координација со повеќе институции
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар