Почетна | Новости | По 50 години поликлиниката Букурешт комплетно реконструирана

По 50 години поликлиниката Букурешт комплетно реконструирана

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

26 јули 2014г, Скопје - После точно 50 години од изградбата на поликлиниката Букурешт, овој објект е комплетно реконструиран.

Министерот за здравство Никола Тодоров, заедно со премиерот Никола Груевски ја посети поликлиниката, и информираше дека оваа реконструкцијата е вредна над 24 милиони денари, а беше завршена за околу 5 месеци.

Ова е темелна реконструкција на целата внатрешност на објектот со сите чекални, сите ординации, ходниците, електриката, тоалетите. Прозорите се веќе претходно реновирани така што станува збор за реконструкција на целиот ентериер. Набавен е и нов мебел за докторите, во чекалните за пациентите имајќи предвид дека и мебелот во болницата во најголем дел е стар 50 години и во еден добар дел сериозно руиниран. Исто така, комплетно е сменета и надворешноста на објектот, односно дворот. Тој е со голема површина на која се поставени 28 канделабри за комплетно осветлување на целиот простор. Поставени се и клупи, жардињери и холтикултурно е уреден целиот двор, рече Тодоров.

Со оглед дека голем број пациенти кои доаѓаат во болницата се повозрасни, Тодоров најави дека во консултација со менаџментот  на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје одлучено е да се инсталира лифт од надворешната страна, кој треба да биде готов до крајот на годинава.

Тој изрази благодарност до целиот персонал во Поликлиниката, како и до пациентите коишто не пружија отпор кон оваа реконструкција имајќи предвид дека за цело време на одвивањето на работите таа требаше редовно да функционира.

Директорката на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје, д-р Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека овој здравствен објект е од големо значење за граѓаните на Скопје бидејќи од 1964 година секојдневно дава здравствени услуги на примарно ниво, на секундарно ниво и ги има сите служби на секундарна специјалистичка консултативна здравствена заштита. Таа посочи дека потребата од реконструкција се наметнала од фактот што само минатата година во болницата се реализирани 74.000 специјалистички прегледи и дадени се 7.000 дози на вакцини. Информира дека постојано ги следат потребите на граѓаните и она што е ново во медицината така што минатите години набавиле нова опрема.

Оваа година Кабинетот за уво, нос и грло е опремен со нов софистициран видео риноларингоскоп, а во тек е постапка за набавка на опрема на Кабинетот за физикална терапија којшто е прв од ваков вид формиран во Здравствен дом Скопје. Апаратурата во кабинетот ќе биде целосно заменета со нова современа опрема, а по првпат набавуваме апарат за аналгетски третман и разбивање на калцификат. Во Поликлиниката има и неколку кабинети коишто се единствени на ниво на град Скопје на секундарно ниво на здравствена заштита, рече Директорката на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје, д-р Татјана Баевска Вучковиќ.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар