Почетна | Новости | Промовиран" Водич за раст и нарушување на раст" наменет за родителите и децата

Промовиран" Водич за раст и нарушување на раст" наменет за родителите и децата

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во просториите на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Букурешт, Здружението на родители на деца

cо ендокринолошки заболувања  Раст, одржа заедничка прес конференција во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје,  под мотото:
РАСТОТ НЕ Е САМО САНТИМЕТРИ ....РАСТОТ Е ПОКАЗАТЕЛ НА ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ. 
 
Промовиран е Водич за раст и нарушувања на растот, кој е наменет за родителите и децата. Водичот е дел од Кампањата за рано препознавање на нарушувањата на растот, која започна минатата година. 
 
Директорката на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје -  Скопје, д-р спец. Татјана Баевска Вучковиќ, даде објаснување од стручен аспект за растот и развојот на децата. 
Минатата година во јануари започна Кампањата за рано препознавање на нарушувањата на растот која е подржана од ФЗОМ, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје, Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје и Специјалната болница за белодробни заболувања кај децата Козле.
 
Подоцна своја поддршка за реализација на едукативни работилници за растот наменета за вработените во градинките, даде и Министерството за труд и социјална политика на Македонија и истата во моментов е во тек.
 
За несебичната поддршка, партнерството и унапредување на грижата за децата, Здружението Раст додели благодарници на ФЗОМ и ЈЗУ Здравстевен Дом на Скопје – Скопје и искажа благодараност.

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
Фотогалерија
image

ПЗЗ Центар

Слики од ПЗЗ Центар