OE - Служба ПЗЗ - поликлиника на МВР

О.Е Служба за превентивна здравствена заштита Поликлиника на МВР

1.Ул. Ленинградска бр.77 Скопје
Поликлиниката располага со:

2.Ординации по Примарна служба :

- Гинеколошки ординации (две)
- Педијатарска ординација (една)
- Општа медицина ординаци матични лекари(четири ординации)
- Протетика ординација (една)
- Ординација по ортодонција (две)
- Заботехнички лабаратории (две)
- Ординација за општа стоматологија
-
2.1.Специјалистичко консултативна служба

2.1.1 Специјалистичко консултативна служба
2.1.2 Центар на медицина на трудот

- Ординација за ОРЛ со Аудиометрија

Се извршуваат ОРЛ преглед,отстранување на церумен,тоалета (испирање),апликација на лек,индиректна ларингоскопија,хемиска каутеризација,аденоидни вегетации-туширање,отстранување на страно тело од уво , нос и усна шуплина,отстранување на страно тело од фарингс и ларингс,отварање на перитонеален абцес,инхалации,солукс,епистаксис-тампонада-горење-каутеризација,туширање на грло,инцизии,третирање на полипи,испитување на слух.

- Ординација за неврологија и психијатарија


Се извршуваат невролошки психијатарски прегледи со психосоматска диферцијална дијагноза и параклинички инвестигации .Ординирање на медикаментозна и психо-терапија(вербалн интервенција).Се даваат мислења,сертификати за комисиски прегледи судско медицински белешки и друга документација за психичката состојба.

- Ординација по очни болести

Се извршуваат специјалистички прегледи,визус,жавал,фундус,корекција,тонометрија,испитување бои,ленсометрија,испирање на канали,вадење страно тело ,периметрија,епилација,биомикроскоп,апликација на лек,анестезија,преврски мали и големи,флуоресцинска проба,субкоњуктивална инекција,ревизија,скијаскопија.

- Ординација по интерни болести

Се извршува интернистички преглед читање на ЕКГ,се прави КСТ, ЕХО на горен и долен абдомен се даваат дијагностичко-тераписки услуги.Давање на медикаментозна терапија,изведување на систематски прегледи,прегледи за професионални возачи , давање на судско- мед.белешки совети и др.
- Ординација со КСТ

- Ординација по трудова медицина

Се извршуваат систематски (периодични) прегледи,лекарски уверенија за вработување,уверенија за возачи за сите категории.
-преглед на специјалист по трудова медицина е со читање: на ЕКГ,лаб.наод,и испитување на спирометрија.

- Ординација по дерматовенерологија

Дијагностичко-тераписки услуги.Ординирање на терапија ,дерматовенеролошки прегледи за акутни и хронични прегледи.

- Ординација за превентивна детска стоматологија.

Превентива во детска стоматологија,теренска работа(посета на училишта ,градинки) систематски прегледи,залевки на фисури,здравствено-воспитна едукативна програма на децата ,спроведување на програмата за употреба на флуорирано млеко на деца во градинка од
3-5 години.
- Биохемиска лабораторија

Работат шест лаборанти и дипломиран биохемичар.
Се вршат следниве анализи:

-Хематолошки статус(СЕ и крвна слика)
-Коагулационен статус(време на коагулација и време на крварење)
-Гликозен статус (гликоза)
-Деградациони продукти (уреа,кератин,ациди урици)
-Имунолошки статус (CRP,RF,ASO)
-H-pylori
-Липопротеински статус (холестерол,триглицериди,HDL,LDL)
-железо Фе,билирубин вкупен,билирубин слободен и билирубин врзан.
-Ензимски статус (алкална фосфатаза,AST,ALT,CPK,CK-MB,LDH,GT)
-испитување на урина,фецес и фибриноген.

3.Медицинска апаратура:

КСТ(стрес тест)
ЕКГ (дванаесканално)
ЕХО (горен,долен абдомен)
Очен компјутер
Аудиометар
Спирометар
Биохемиски анализатор
Хематолошки бројач