Заводот за ментално здравје на деца и младинци “Младост”- Скопје

ЈЗУ “ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ”СКОПЈЕ
О.Е.ЗАВОД ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ „МЛАДОСТ”
Бул.”Партизански одреди”бр.60а Скопје
тел.3065 711; 3068 307; 3061 509
Работно време 0730-1500

ОЕ Завод за ментално здравје на деца и младинци “Младост” Скопје со својата основна дејност- заштита и унапредување на менталното здравје на децата и младинците спроведува примарна, секундарна и терциерна превенција на менталното здравје,односно работи на спречувањето на појава на душевни растројства кај децата и младинците, нивно рано откривање и дијагностицирање, како и лекување и рехабилитација. Сепак основната усмереност е кон примарната превенција, преферирајќи социо-медицински пристап кон појавите што ги третира.

Заводот функционира како ОЕ во рамките на Здравствениот дом на Скопје. Стручното работење е организирано во три организациони единици, како посебни делови во процесот на трудот- диспанзер, дневна болница (одделение за полустационарен третман за деца и младинци ) и медико-генетско советувалиште со цитогенетска лабараторија (одделение за цитогенетски иследувања ). Ваквата организациона поставеност обезбедува диспанзерска( преку отсеците во диспанзерот) и полустационарна заштита( во Дневната болница) на менталното здравје на децата и младинците.

Соработката помеѓу стручните тимови е постојана и спрема конкретните потреби во нив се вклучуваат и други стручни соработници.

И. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДИСПАНЗЕРСКА ЗАШТИТА
НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Во диспанзерот е опфатена целокупната психопатологија во развојниот период, од најраната возраст до адолесцентниот период.Во овој смисол и се организирани отсеците во диспанзерот на Заводот:

-Отсек за следење на нормален психомоторен развиток и психопатологија во предучилишна возраст.
-Отсек за проблеми и психопатологија во училишна возраст.
-Отсек за адолесценти и работа со нивни фамилии.
-Отсек за епилепсија и гранични случаи со ЕЕГ лабараторија.
-Отсек за попречени во психофизичкиот развиток и
-Отсек за ортодонција.

Ваквата концепција за работа постои повеќе години наназад. Функционирањето на овие отсеци, како посебни и специфични делови од процесот на трудот во рамки на диспанзерот, во кои се обработуваат и третираат определени проблеми од менталното здравје на децата и младинците, обезбедува пружање на постручна и посовремена здравствена заштита од областа на ментално здравје. Истовремено, постои претпоставка дека во нив повеќе се обезбедени услови за понатамошно унапредување, развој и проширување на овој вид заштита, обезбедувајќи следење на современите текови на медицинската наука од доменот на својот потесен стручен интерес.

Низ секојдневната пракса, при извршување на своите задачи, во Заводот се регистрирани следните состојби и заболувања: успореност во психомоторниот развој, растројства во организацијата на функциите(исхрана, спиење, говор, елиминација, психомоторика и сл.) невротски реакции, неврози, бордерлајн состојби, психози, епилептична болест и други конвулзивни состојби ментална ретардација, проблеми во социјализацијата и адаптација на средината, растројства во личноста и однесувањето, училишен неуспех, вродени или стечени забновилични деформации и др.

Следени се децата со ризична бременост и породување, поради превенција на ментални нарушувања во тек на понатамошниот развиток. Во колку повеќе се констатирани знаци и симптоми на ментално заболување, спроведени се соодветни методи на третман-медикаментозна терапија, психомоторна реедукација и релаксација и сл. После третманот децата обично се следат извесен период и понатаму, поради спречување на рецидиви.

1.Отсек за следење на нормален психомоторен
развој и психопатологија во
предучилишна возраст

-специјалист невропсихијатар или педијатар -психолог, специјалист по медицинска психологија -логопед

Д-р Олга Јотовска-педијатар
jotovskao@yahoo.com

Педијатарот ги реализира следните активности:
- педијатриски и невропедијатриски преглед
- ЕЕГ прегледи кај пациенти со епилепсија: дијагностика, лекување и следење на овие деца, со ЕЕГ иследување и следење, со цел контрола на нападите и третман на психолошките и социјални аспекти на заболувањето.
- ЕЕГ иследувањето се спроведува и кај пациенти со метаболички заболувања кои во голем процент манифестираат и епилептички напади како и проблеми во менталниот, психомоторниот и говорниот развој, проблеми во социјалното однесување и емоционалниот развој.
- ЕЕГ се реализира и со цел одредување на степенот на матурацијата на ЦНС, при многубројни развојни аномалии на ЦНС, контролите се прават со цел проценување на ефектот од приложената терапија.


- ЕЕГ се реализира и при мноштво други заболувања и состојби во детската возраст: фебрилни конвулзии, апноични кризи, колапси, синкопи, вртоглавици, главоболки, мигрена, ноќно мокрење, пореметувања на сонот, психијатриски заболувања во детската возраст, забавен ментален, психомоторен развој, при проблеми со говорот како и при многу други ситуации во развојниот период.
- Се следат исто така и коморбидни состојби (кардиолошки, ендокринолошки, генетски, гастроентерохепатолошки, имунолошки, нефролошки, хематолошки и др.) кои се многу чести кај деца со невролошки болести.
- Редовно се следи ефектот од антиепилептичките лекови, психостимулансите, психостабилизаторите и останатите медикаменти.
- Одделот е вклучен и во комисијата за распоредување на лица со пречки во психичкиот развој.
Активностите се реализираат во склоп на мултидисциплинарниот тим на Завод за ментално здравје на деца и младинци.

Билјана Јакимовска Маричиќ
Психолог
bibejakimovska@yahoo.com

-следење на нормален психомоторен развој и психопатологија во рана детска возраст
-следење нормален психомоторен развој и психопатологија во предучилишна возраст
-пореметувања во организацијата на функциите(исхрана,спиење,говор,елиминација)
-невротски реакции
-конвулзивен синдром
-проблеми во социјална адаптација
-тикови ,главоболки
-проценка на интелектуални способности кај деца со оштетен вид
-проценка за зрелост за поаЃање во Школска установа

Активности

-Психодијагностика
-Советување и психотерапија
-Превенција
-Плеј-терапија

2.Отсек за проблеми и психопатологија
во училишна возраст

-специјалист психијатар или невропсихијатар
-психолог, специјалист по медицинска психологија
-педагог

Д-р Лидија Поповска-психијатар

-Работи самостојно;
-Го води тимот И ја координира работата на Стручните лица во раната дијагностика И третманот на деца со проблеми од предшколска возраст(аутизам, даунов синдром, ментална ретардација, тикови ит.н.);
-На деца од училишна возраст (емоционални проблеми, училишни фобии, потешкотии во совладување на училишните проблеми И хиперкинетски растројства);
-На тинејџери И адолесценти (анксиозно депресивни состојби, адолесцентна криза, болести на зависност…);
-Соработува со Центар за социјална работа И помага при состојби на семејно насилство И брачни кризи;
-Категоризација на лица со ментални пречки во развојот;
-Сопствена едукација И едукација на наставници И педагози во образовниот систем за работа со деца со посебни потреби И нивна еклузија;
-Индивидуални И групни терапсики постапки, работи со семејство.

Катерина Галевска-Психолог
k-galecka@yahoo.com
- следење на нормалниот психомоторен развој и психопатологија во предучилишната возраст;
- следење на нормалниот психомоторен развој,
проблеми и психопатологија во училишната возраст;
- проценка на зрелоста за поаЃање во училишна установа;
- проценка на интелигенцијата, способностите на когнитивните процеси;
- проценка на оШтетувањето на интелектуалното функционирање настанато од органски мозочни повреди и оштетувања;
- проценка на личноста, конативните и емоционалните процеси;
- нарушување на физиолошките функции и организација на истите;
- наруШување и пореметување во поведението;
- детски невротски реакции и неврози;
- училиШен неуспех;
- главоболки;
- тикови;
- конвулзивен синдром;
- специфични развојни училиШни проблеми и др.

Активности
- Психодијагностика
- Советување
- Превенција
- Плеј терапија
- Контакт со училиШта
- Едукација
- Учество на семинари
- Учество во комисија за распоредување во психичкиот
развој на деца и млади.

СИМОНОВСКА ЉИЉАНА -Монтесори педагог и Монтесори мултипликатор
gigsim@gmail.com

ФИКРЕТА РАХИМ-ПЕДАГОГ

1. Со цел да се унапреди и заШтити менталното здравје на децата и младинците, педагогот заедно со другите стручни соработници од Заводот учествува во превенцијата преку разни форми на работа.
2. Во процес на дијагностиката учествува со индивидуални педагоШки испитувања на деца кои имаат проблеми во процесот на учењето и поведението.
- врШи проценка на стекнатите предучилиШни и училиШни знаења;
- прави интервју со родителите со цел да се откријат етиолоШките фактори за училиШниот неуспех и други проблеми;
- применува тестови за откривање на специфични потеШкотии во читањето и пиШувањето
- испитува графомоторна праксија во функција на пиШувањето и метричка процена на дисграфичен ракопис;
- испитува латерализација кај деца со проблеми во пиШувањето ;
- испитува графичката експресија ;
- испитува графомоторна способност на деца од предучилиШна возраст.

3. Од свој домен учествува во терапија на деца со промени во однесувањето, деца со потеШкотии во учењето, со потеШкотии во адаптација на училиШната средина и училиШните обврски, деца со специфични потеШкотии во учењето, со хиперкинетско однесување, недоволна зрелост за учење, деца со едукативна и воспитна запоставеност, со емотивни потеШкотии преку:
- индивидуален тртман на деца со потеШкотии во совладување на техника на читање и пиШување;
- индивидуален тртман на деца со дислексични и дисортогравски проблеми;
- дава индивидуална педагоШка помоШ на деца Што престојуваат во дневна болница;
- дава графомоторни вежби и ги мотивира родителите за примена на истите;
- советување на деца и родители за подорување на училиШниот успех;
- советување на родители за адекватно прифаЌање и третман на деца со хиперкинетско однесување кое Што е условена ефикасноста за учење;
- давање на педагоШка помоШ по Монтесори метода;
- спроведување на Монтесоти принципите,,дазволи ми тоа да го маправам сам,, ;
- советување на родители и деца за вклучување во соодветно средно училиШте според способностите и можностите на детето;
4. Педагогот учествува во тимската работа поради диференцијално- дијагностичка цел: работен договор, евалуација на постигнати резултати.
5. Едукативна дејност- по потреба учествува во едукација на педгози и наставници од училиШтата, изведување на практична настава на студенти, давање на подрШка на студенти за изработка на семинарски трудови како и помоШ во изготвување на диплоски труд. По потреба припрема и предавања од својот домен.
6. Соработува со педагоШко-психолоШките служби во училиШтата како и наставниците за адекватно прифаЌање во училиШната средина на децата со промени во однесувањето , како и училиШниот неуспех ;
- дава инструкции на воспитно - образовниот кадар за рано откривање на проблемите и за кои е потребна стручна помоШ;
- соработува со други установи зависно од проблемите во текот на работењето на поедини сличаи.
7. Води евиденција за изврШената работа и пиШува педагоШки лист за сите педагоШки иследувања.
8. Со мојата едукација на Монтесори педагог како и Монтесори мултипликатор Ќе се се зголеми бројот на пациенти за монтесори терапија во Заводот.

3. Отсек за адолесценти и работа
со нивни фамилии

-специјалист невропсијхијатар или психијатар
-психолог, специјалист по медицинска психологија
-социјален работник со високо образование

Д-р Ioanis Gaidayis
психијатар, сертифициран системски брачен и семеен психотерапевт

Користи системски, когнитивно-бихевиорални и психодрамски техники во работа со деца, адолесцентни млади и нивните семејства, во разрешување на нивните развојни и емоционални потешкотии, адолесцентни кризи, анорексија, користење на психоактивни супстанци и др.

Соработува со психолошко-педагошките служби во основните училишта во превенција и надминување на проблеми во поведението и училишниот неуспех. Соработува со Центрите за социјална работа во разрешување на малолетничката деликвенција, семејното насилство, брачната криза, проблеми во старателството врз децата при развод и постразводни постапки.

Катина Павлоска
Психолог,специјалист по медицинска психологија
pavlovska_katina@yahoo.com
• Дијагностички процедури со соодветен психодијагностички инструментариум за:
- одредување на нивото на интелектуалните функции;
- експлорација на личноста (организација, механизми на одбрана, степен на емоционална и психосоцијална интегрираност);
- одредување на степенот на ментална детериорација кај мозочни лезии и други психопатолошки состојби.
• По потреба, врши психолошка експлорација на родителите на децата и адолесцентите, одредување на степенот на функционалност, дисфункционалност на семејниот/партнерски систем.
• Обавува психотерапсики интервенции.
• Обавува индивидуална или групна психотерапија со децата/адолесцентите и по потреба, со нивните родители.
• Соработува со другите членови на Стручниот тим, други институции...
• Врши превентивна дејност
• Учествува во научно-истражувачки проекти

Ерол Рахим-Социјален работник

Улога И работа на социјалниот работник во ЗМЗ “Младост” произлегува од самата систематизација на работни места.
Според тоа, социјалниот работник прима родители, деца, старатели, адолесценти, возрасни лица со цел давање совет, квалитативна проширена социјална анамнеза потребна за социјалниот работники И прилагодена за целиот Стручен тим на Заводот, согласно специфичноста на проблемот кој се дефинира со клиентите во својство на соработници.
Работи на утврдување на социјални димензии кои се причина за ментално пореметување кај деца/младите.
Учествува во работата на комисиите за распоредување на лица со пречки во психичкиот развој, перварзивни развојни растројства И ортооптичка-плеоптичка комисија.
Притоа се изготвуваат Наоди И мислења за видот на попреченоста, нивно општествено упатување, остварување права согласно на Законот при што се соработува со надлежните институции.

4. Отсек за епилепсија и гранични подрачја со кабинет за ЕЕГ

-специјалист невропсихијатар
-медицински сестри

Прим.Д-р Елисавета Хаџи Костова-спец.невропсихијатар

Епилепсија-дијагностика и лекување со ЕЕГ иследување, како и третирање на психолошките и социјалните аспекти на заболувањето вклучувајки бихејвиорално психолошки методи на контрола на нападите.
Психосоцијална подршка во секојдневните активности во рамките на семејството, училиштето и други социјални средини кај деца заболени од церебрална парализа, деца повреди на глава, мозок при сообракајни несреки, со ЕЕГ иследување.
Психички растројства во детскка и адолесцентна возраст

Растројства на функциите-спиење, мокрење, дефекација, неволни движења-тик, невротски реакции-конверзивна-дисоцијативни психоматски-афективни заценувања, мигрена, главоболка И други соматски одговори како еквиваленти на епилепсија со ЕЕГ иследување, И третирање со психодинамска психотерапија И други терапевски методи.
Третман на семејства на овие пациенти како И интервенции во училиштата И други социјални средини.
Член на Комисија за категоризација на лица со пречки во психичкиот развој.
Член на тим за вештачење.
Учествува на предавања И семинари од наведените области.

ЕЕГ кабинет

ЕЕГ кабинет е направен по светски стандарди со Фарадев кафез И е единствен таков во државата.
Електроенцефалографското снимање се врши исклучиво на деца и младинци со ментални нарушувања и кај деца со посебни потреби.
ЕЕГ Кабинетот при Заводот е единствен кој работи со деца и младинци на ниво на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”Скопје.

5. Отсек за попреченост во психофизичкиот
развиток

-специјлист невропсихијатар или психијатар
-психолог, специјалист по медицинска психологија
-социјален работник со високо образование

Д-р Слободанка Пендаровска
Психијатар

Потесна специјалност за групна анализа на соништа.Работи со училишни деца И адолесценти како И со нивните родители, со индивидуализирани третмани кои одговараат на емоционалното И интелектуалното ниво на пациентот. Помага во надминување на развојни емоционални проблеми И други психијатриски растројства.

6. Отсек за ортодонција

-специјалист стоматолог-ортодонт -забен техничар
-стоматолошка сестра

Д-р Симеонов Николчо-Ортодонт
suzana_aurora@yahoo.com

Со примена на разни дијагностички методи се доаѓа до ортодонските аномалии.
Ортодонската дијагноза се поставува после анализа на податоци добиени по основ на:
- Историја на пациентот;
- Клиничко испитување;
- Функционални испитувања;
- Анализа на студиски модели;
- Анализа на фотографија.
Меѓу најчестите ортодонски аномалии се:
- Отворен загриз;
- Прогенија;
- Длабок загриз;
- Тескоба;
- Конгенитални аномалии.

Лекувањето се врши со подвижни плочасти апарати, функционални апарати, фиксни апарати и со екстракции на заби (селективна екстракција на млечни заби).
Покрај лекување вршиме и превентивни мерки со разни методи и средства се со цел да се сочува здравјето и да се избегнат оболувања или оштетувања на организмот.
Ортодонтот исто така учествува и во тимска работа соработувајќи со педијатар, психијатар, логопед и психолог.

7.Приемна служба
-медицински сестри

ИИ. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПОЛУСТАЦИОНАРЕН ТРЕТМАН
НА МЕНТАЛНИ РАСТРОЈСТВА

Кога диспанзерскиот третман се покажува како недоволен, се препорачува прием и лекување во Дневната болница на Заводот, каде постојат услови на поинтензивен тераписки приод во рамки на договорената тимска обработка на случаите, користејќи ги сите методи на третман, како во диспанзерот, како и некоја своја-групна терапија, социо-психотерапија и др.
Инаку, метод на работа во сите нејзини сегменти е тимската работа, со која се обединети потесните специјалности од различни стручни профили во еден тим и се обезбедува не само соработка, туку и заедничко работење во извршувањето на основната дејност.

Дневната болница при ЗМЗ”Младост” претставува одделение за полустационарен третман каде се лекуваат психички растројства во раната детска возраст. Таа е единствена од таков вид во РМакедонија која функционира од 1978 г. Во неа се третираат разни ментални растројства во детската возраст И тоа: потикнување на психомоторниот развој, говорни проблеми, специфични проблеми во процесот на учење (дислексија, дизграфија, дискалкулија), тик нарушувања, фобични-анксиозни растројства, потешкотии во одвојување од родителите (сепарации, стравови), нагласени проблеми во социјалната адаптација,аутистични нарушувања И рани детски психози…
Се третираат деца од 3 до 14 год.

-специјалист невропсихијатар
-дефектолози
-медицинска сестра

Прим.Д-р Мери Бошковска-психијатар boskovska_s@yahoo.com
Ванеса Андова-дефектолог- vanesaaa@yahoo.com
Зденка Стаменова-дефектолог- stamenovazdenka@yahoo.com
Рози Дуровска- дефектолог rozi_durovska@yahoo.com

Дефектологот во областа на дијагностичките можности и одредувањето на потенцијалите на личноста се јавува рамноправно со дијагностиката во медицината и проценките во психологијата. Потребите да се одреди потенцијалот на личноста е во контекст на потребите за рехабилитацијата.
Дефектолошката обработка вклучува земање на анамнеза, обсервација, дефектолошка проценка.Во склоп на дефектолошката дијагностика се врши проценка на функциите со примена на дефектолошки тестови кои се базираат на невропсихолошката теорија и тоа
-проценка на организираност на психомоторика
-доминантна латерализираност
-праксичка организираност
-гностичка организираност
-практогностичка организираност
-говор и комуникација
-сознајни функции
-однесување
По добиените резултати од процената на можностите се врши тимска обработка и се изготвува третманско терапевтски програми.
Дефектологот го спроведува третманот ,односно ги работи групните и индивидуалните третмани на децата со:
-успорен психомоторен и говорен развој;
-растројства во внимание и концентрација;
- пореметување во психомоториката (нарушена координација на движењата и визуомоторна перцепција,дете со тик, пореметен говорен ритам);
-диспраксични и дисгностички форми на дисхармоничен развој посебно во училишната возраст каде во соработка со училиштата работи на надминување на проблемите од овој вид: дислексија, дисграфија, дискалкулија и дисортографија.
-Деца со гранични состојби на интелегенција и ментално ретардирани,
-деца кои покажуваат промени во расположението и емоциите (хиперкинетско однесување, елективен мутизам, анксиозни состојби, сепарациони стравови).
Работи со деца со рани психијатриски пореметувања и рани детски психози.Применува реедукација на психомоториката,дефектолошки третман,работна окупациона терапија И релаксација, музикотерапија, стимулативен третман за развој на децата и психотерапија на децата и адолесцентите по пат на моторен дијалог кој овозможува одреден вид примена на реедукација.Дефектологот ги реорганизира сите поединечни доживувања на телото во однос на себе самиот и просторот за детето да стане свесно за својата просторност и временост како основни координати на однесување и односи со другите.

ИИИ. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЦИТОГЕНЕТСКО ИСЛЕДУВАЊЕ

Во одделението за цитогенетско иследување се спроведуваат цитогенетски испитувања и генетски консалтинг, потоа истражувања за постоење на хромозомски отстапувања, ги следи појавите на херидитарните заболувања, врши превенција на таквите отстапувања и заболувања. Исто така во ова одделение се даваат упатства и совети на испитаните лица и на членовите на нивните семејства во доменот на менталното здравје во развојниот период.

-Д-р.Мирјана Каева-Пејковска педијатар генетичар
е.маел:каевам.Жѕахоо.цом
дипл.биолог Светлана Богдановска - специјалист по Хумана генетика
е-маил: bogdanovska_s@yahoo.com
- Нела Блажевска - лаборант
Педијатарот во одделението за цитогенетско иследување, заедно со тимот од лекари кои работат во нашиот Завод, одлучуваат кои пациенти треба да се опфатат со цитогенетско испитување
Во ова одделение пациентите кои биле носители на болест, или пак се со состојби на алтерирани фенотипски карактеристики,се класифицирани(заради практични причини) во следните категории:
-моносимптомски аномалии (Хѕдроцепхалија, Микроцепхалија, Полидактѕлија и т.н.)
-полисимптомски аномалии, без синдромски идентификации(Сѕндактѕлија+ментална ретардација, Арацхнодацтѕлија+ментална ретардација и т.н.)
-идентификувани (потврдени) синдроми со дискретна симптоматологија(Сѕндрома Стурге-Њебер, Апертов синдром и т.н.)
-идентификувани синдроми со јасна фенотипска експресија(Сцлеросис тубероса, Неурофиброматосис, Пхенѕлкетонурија, Хунтеров синдром и т.н.)
-синдроми со верифицирани хромозомски аберации: Сѕндрома Доњн, Сѕндрома Турнер, Синдрома Клинефелтер и т.н.
-промени во хуманиот геном заради мутагениот ефект, предизвикани со разни фактори и агенси (физички, хемиски мутагени, вируси, стареење, некои наследни генетски болести и т.н.).

Дипломиран биолог - специјалист по Хумана генетика работи на:

-Откривање, регистрирање и клиничка обработка на деца со цитогенетски растројства;
-Генеолошка анализа на семејства, во кои се родени деца со цитогенетски растројства;
-Поставување индикации за цитогенетско испитување;
-Вршење на хромозомска анализа од метафазите на клетките на испитуваните ткива;
- Генетска консултација со родители на деца со цитогенетски пореметувања

Лаборантот ги извршува следните работни:
- Земање крв за анализа од испитаникот
- Подготовка за спремање на препарати за анализа на хромозоми
-Изготвување известај за услуги

Цитогенетика како наука
Цитогенетиката е посебна област од генетиката која ги проучува причините на наследните промени на ниво на структурата и процесот во клетките, со посебен осврт на промените во хромозомите. Оваа област ги поврзува двете посебни науки цитологијата и генетиката.

Индикации за цитогенетско испитување

- мултисистемски аномалии ( дисморфија на лице, шаки и стопала, малформации на внатрешни органи );
- ментални ретардации;
- неонатална смртност;
- неодредени надворешни гениталии;
- примарна аменореа
- хипогонадизам
- стерилитет, спонтани абортуси, мртвороденост
Во цитогенетското одделение се изготвуваат и кариотипови на лица со попреченост во психичкиот развој поради склопување на брак, кој е задолжителен според член 18 став 3 од законот за брак и семејство.
 

ЦИТОГЕНЕТСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Во нашата цитогенетската лабораторија се испитува хромозомски сет кај различни патолошки состојби. Промените во хромозомскиот сет во клетката можат да бидат причина за нејзина малигна дегенерација, да предизвикаат пречки во процесот на гаматогенезата или при формирање на зиготот, како и во процесот на ембрионалниот развиток. Сето ова може да биде причина за намалена плодност или појава на спонтани абортуси.
Во цитогенетската лабораторија работат дипломиран биолог-специјалист по хумана генетика и лаборант, кои работат на:
1. Подготовка на препарати за вршење на хромозомска анализа од метафазите на клетките на испитуваните ткива ( најчесто крв )
2. Микроскопски се проучува хромозомскиот сет кај различни патолошки состојби.
Пробантите кај кои се пронајдени хромозомски аберации и генски мутации, најчесто имаат: трисомија на определениот аутозомен хромозом, прекин на хромозомот, парцијална монозомија, ринг хромозоми, дупликација, изохромозоми, бицентрични хромозоми, инверзии, транслокации, инсерции, нумерички аберации на гоносомните хромозоми и друго.
По поставување на егзактна дијагноза на генетското заболување, со анализа на можнатапојава на нови мутации и варијабилности во експресијата и пенетрацијата на мутантниот ген, се превзема прецизна и детална семејна анамнеза и изработка на родословно стебло(хередограм). Покрај тоа се спроведува и комплетен клинички преглед на пробантот, како и лабораториски испитувања(на биохемискиот и хромозомскиот супстрат), пренатално и постнатално и анализа на дерматоглифските модалитети.

Надежда Арсовска Милосављевиќ-Логопед
Логопедот обавува превенција,откривање,дијагностика и третман на говорни растројства кај децата и младите, почнувајѓи од најраната па се до адолесцентната возраст.
Опфатени се отстапувања во вербалната (говорна-јазична) комуникација и тоа во:
- рецептивниот говор (говорна перцепција и сфаќањето на говорот);
- експресивниот говор (изговорот, лексиката, граматичко-синтактичката и семантичката структура на јазикот, прозодиските квалитети, флуентноста на ритамот и темпото, квалитетот на гласот, како и читањето и пишувањето).
Логопедска помош добиваат најчесто пациенти со неразвиен говор, забавен говорен развој и /или специфичен говорен развој (со различна етиологија), со пречки во изговорот, со пореметена говорна флуентност (пелтечење, брзоплетост, спор говор), со потешкотии во совладување на училишните вештини.
Третманот се спроведува индивидуално и групно, по потреба, во што е вклучена и тесната соработка со родителите, по потреба воспитувачите и наставниците.
Логопедот со својата работа учествува во сите три отсека во ЗМЗ Младост.