ОЕ - Служба ПЗЗ - Кисела Вода

ОЕ-Служба за ПЗЗ- Кисела Вода, во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје- Скопје во рамките на организационата поставеност  на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје е организирана како основна единица за укажување превентивна  здравствена заштита на предучилишни и  училишни деца  како и превентивни систематски прегледи на вработените.

Во рамките на организационата поставеност се вршат превентивни здравствени и систематски прегледи и превентивна стоматолошка здравствена заштита на деца и младинци.
Превентивната здравствена заштита се извршува во здравствените објекти распоредени во општина Аеродом - Пол.Јане Сандански, и з.с.Лисиче, во општина Кисела Вода во

Пол.Драчево зс.11 Октомври,и зс.Црниче- пункт за превентивни активности, во општина Сопиште - зс.Ракотинци - пункт за превентивни активности, општина Зелениково- во зс.Зелениково- пункт за превентивни активности, општина Студеничани - во зе.Студеничани, зе.Батинци и зе. Д.Количани кои се пунктови за превентивни активности.

1. Во отсекот за превентивна здравствена заштита  на предучилишни и училишни деца се врши редовна имунизација и систематски прегледи.                                                         2. Се издаваат медицински потврди за запишување во предучилишни и училишни установи.
3. Се врши здравствено просветување на учениците и малите деца во установите во кои престојуваат .
4. Отсекот за превентивна стоматолошка здравствена заштита  на деца и младинци  опфака комплетно стоматолошко просветување ( демонстрација на правилна хигиена на усната празнина)  како и превентивно залевање  на првите трајни молари.
5. Во рамките на Пол. Јане Сандански организирана е ординација за ургентна стоматолоШка заШтита која работи во трета смена, недели ипразници.
6. Во Пол.Јане Сандански и Драчево организирана е и поливалентна патронажна служба која врши редовни посети на новородени леунки, бремени жени , жени во репродуктивен период и превентивни посети на болни со акутни и хронични болести( дијабетес, кардиоваскуларни болести, малигни заболувања, туберкулоза и др.

Во Пол.Јане Сандански од април 2009 год. е организирана Служба за медицина на трудот која согласно законските обврски за вршење систематски - превентивни прегледи на вработените врши со најнови апарати проверка на здравјето преку:

 

1.Лабораториски испитувања со биохемиски анализи,
2. Комплет клинички преглед од специјалист по медицина на трудот со оценка (мислење) за здравствената состојба и работната способност на секое лице.
3. Специјалистички преглед од интернист со ЕКГ,
4. Офтолмолошки преглед,
5. Оториноларинголошки преглед
6. Психолошко тестирање
7. Невропсихијатриски преглед,
8. Спирометрија
9. Мамографија,
10. ЕХО на дојка
11. Аудиометрија,
12. ЕХО на стомачни органи,
13. Дерматовенеролошки преглед,
14. Рефрактометрија( очен компјутер),

Во Службата за медицина на трудот организиран е и кабинетот за алергиски испитувања со современа лабораторија која ке дијагностицира  алергии, ке се испитуваат тумор маркери, хормони, маркери за срцев инфаркт,маркери за дијабетес и анемија,остеопороза и други специфични анализи.

Секојдневни информации за било кој тип на здравствена заштита може да се добијат преку телефоните: 

 

Во Пол.Јане Сандански:

1. Централа - 2463-277
2. Управа - 2460-628
3. Медицина на трудот - 2460-440
4. Поливалентна патронажа  - 2463-060

Во Пол.Драчево :
1. Централа 2795-111
2. Централа 2795-112
3. Поливалентна патронажа 2796-571

е-маил адреса : poliklinikajanesandanski@yahoo.com