ОЕ - Служба ППЗ Карпош

Во состав на ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје” -Скопје како организационо-техничка целина функционира ОЕ-Служба за превентивна здравствена заштита “Карпош” и секундарна здравствена заштита- консултативна специјалистичка служба.


ОЕ,,Карпош,, ги опфаќа следнив здравствени објекти: Поликлиника “Ѓорче Петров” , “Букурешт”, проширена здравствена станица “Карпош”, проширена здравствена станица “Ѓорче Петров 2”, здравствена станица “Буковиќ”,здравствена станица ,”Влае”,  здравствена  станица  “Тафталиџе” амб. “Козле” амб. “Волково” амб.”Рашче” амб.”Свиларе” амб.”Глумово”.                                                                                         
                

ОЕ обезбедува превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 годишна возраст, превентивна стоматолошка здравствена заштита на предучилишна и училишни деца, ноќна  дежурна стоматолошка служба и поливалентна патронажа. 
Во рамките на Поликлиниката “Ѓорче Петров” се обезбедува и специјалистичко-консултативна здравствена дејност: интерна медицина, неуропсихијатрија,  дерматовенерологија, рентген дијагностикаи лабораториска дејност.

Превентивната здравствена заштита во сите објекти ја обезбедува следниов медицински персонал:
- 4 педијатри
- 4 спец. по училишна медицина
- 4 доктори на медицина
- 4 спец. по детска прев. стоматологија
- 1 спец. по болести на уста и парадонт
- 11 доктори на стоматологија
- 31 медицински сестри
- 5 забни асистенти

- 10 стом. сестри

Консултативна - специјалистичка дејност ја обавуваат:
- 2 интернисти
- 1 дерматовенеролог
- 1 психијатар
- 3 медицински сестри
- 2 Д-р ренгенолози
- 4 ренген техничари
- 1 Д-р спец.био хемичар
- 2 био хемичари
- 4 лаборанти
                     

Контакт - информаци:2041-625,2041-493,2031-022