ПЗЗ “Гази Баба”

Организационата Единица “ Гази Баба” е една од поголемите работни Единици во состав на ЈЗУ-”Здравствен дом на Скопје”-Скопје и како таква обезбедува здравствена заштита на население од четири општини и тоа: општина “Гази Баба”,општина “Илинден”, општина”Петровец” и општина “Арачиново”  со приближно 120.000 илјади жители. Иако се работи  за доста дисперзиран терен сепак нашите мобилни екипи успеваат да ги завршат своите работни задачи,успешно спроведувајки ги мерките  од Превентивните Програми на Министерството за Здравство на Р.М..

Gazi Baba

Организационата Единица “Гази Баба” структурално е поделена на една поликлиника, четири пункта и пет здравствени станици

Структура ОЕ за ПЗЗ “Гази Баба”

Поликлиника М.А”.Ченто” -тел:2522-235

Управа-тел. 521-016,2522-025

Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца;
Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца;
Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита;
Поливалентна патронажна служба;

Пункт Автокоманда-тел.3172-926
Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца;
Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца;
Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита.;

Пункт Илинден-тел.2571-151
Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца;
Поливалентна патронажна служба;

Пункт Петровец-тел.2561-340
Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
Поливалентна патронажна служба

Пункт Арачиново-тел.2570-200
Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца
Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца;
Поливалентна патронажна служба;

Здравствена станица Миладиновци-тел.2577-112
Поливалентна патронажна служба;

Здравствена станица Коњаре
Поливалентна патронажна служба;


Здравствена станица Колонија Идризово
Поливалентна патронажна служба;

Здравствена станица Црешево-тел.2575-358
Поливалентна патронажна служба;

Здравствена станица Булачани
Поливалентна патронажна служба;

ПОЛИКЛИНИКА ЧЕНТО 
ПОЛИВАЛЕНТНА ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА 

Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца;

Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца;

Ординација за детска и превентивна стоматолошка здравствена заштита.

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА АВТОКОМАНДА
Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца;

Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА -ИЛИНДЕН
Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца;

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА- ПЕТРОВЕЦ
Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца;

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА АРАЧИНОВО 
Ординација за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца;
Ординација за превентивна здравствена заштита на училишни деца

ЗДРАВСТВЕНА  СТАНИЦА -МИЛАДИНОВЦИ

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА ЦРЕШЕВО

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА ИДРИЗОВО        

 ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА СР. КОЊАРЕ

ЗДРАВСТВЕНА СТАНИЦА -КАДИНО

Превентивните тимови за имунизација на деца од 0 до 18 годишна возраст, можат да се пофалат со опфат над 95 % на подлежните за имунизација. Активен пристап во пронаоѓањето на вакциналните џепови и нивно елиминирање, како и опфат на децата вон образовниот систем и децата од улица. Овие активности се спроведуваат во текот на целата година со особен акцент за време на Европската Недела на Имунизација, која се карактеризира со еден интерсекторски пристап во решавањето на проблемите, мобилност и медиумска промоција.

gb Превентивните тимови кои се дел од Организациона Единица Гази Баба не само што ја обезбедуваат стабилна здравствената состојба на населението на територијата која ја покриваат, тие се грижат воедно и за добра здравствена промоција и подигнување на нивото на здравствена едуцираност и просветеност на населението.
Од првото шестомесечје на 2009 година реализирани се вкупно  6440 превентивни прегледи на предучилишни деца од 0-6 годишна возраст и се дадени вкупно9798 дози на вакцини. Направени се вкупно 5554 превентивни прегледи кај школски деца од 7-18 годишна возраст и дадени се вкупно 4621 дози на вакцини.

Поливалентната патронажна служба е присутна во домовите на граѓаните, особено во руралните подрачја. Развиена мултисекторска соработка со релевантни институции за пронаоѓање и помош на социјално загрозени семејства и семејства со социјални ризици.Во текот на првото полугодие поливалентната патронажна служба остварила вкупно 9607 патронажни посети од кои 1762 се посети на семејства со новороденчиња.

Тимовите одговорни за спроведување на детската и превентивна стоматолошка здравствена заштита работат според насоките на Министерството за здравство, за подигнување на свеста кај населението, а особено кај децата за важноста на здравото забало и употребата на новите превентивни мерки со флуоридацијата на млекото и неговата правилна примена.

Стоматолошките тимови за првите шест месеци на 2009 година оствариле вкупно 5019 прегледи на деца, од превентивна стоматологија како во самите ординации така и во основните училишта што се наоѓаат на подрачјето на Работната Единица.


НАПОМЕНА: Во просториите на Поликлиниката М.А. Ченто функционираат следните служби:

-Итна медицинска помош со дваесет часовно покривање на теренот;
    
-Ноќни неделни и празнични дежурства;

- Биохемиска лабораторија;

-Кабинет за интерни болести;

Како и концесионерски ординации:

-ПЗУ по општа медицина ( матични лекари) и

-ПЗУ  за гинекологија и акушерство.