Финансиски извештај 2016


ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

За работата на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје во 2016 година



ЈЗУ Здравствен дом на Скопје во текот на 2016 година извршуваше превентивна и примарна здравствена заштита на населението на подрачјето на град Скопје, специјалистичко-консултативна здравствена заштита и итна медицинска помош со домашно лекување.
Во текот на 2016 година специјалистичко консултативната служба во ЈЗУ Здравствен дом на Скопје е зајакната со човечки ресурси, што овозможи отварање на нови кабинети и воведување на нови методи во специјалистичко-консултативната служба, се со цел приближување на здравствените услуги до пациентите.
Во  Службата за итна медицинска помош отворени се три нови пункта  (Петровец,Чучер Сандево и Глумово ) на територија на град Скопје и исто така службата е кадровски зајакната со 30 нови тимови,(во редовен работен однос  30 доктори,20 мед.сестри).
Кадровското зајакнување и новоотворените пунктови имаат за цел доближување на услугите како дистални точки од градот и постигнување на скратено време на одговор на интервенција.
2016 година ЈЗУ Здравствен дом на Скопје ја заврши со позитивен финансиски резултат-добивка.
Сите доспеани обврски према добавувачи заклучно со 31.12.2016 година се платени во целост.
Извештајот за работата се однесува за периодот јануари-декември 2016 година и го покажува работењето на Домот во текот на 2016 година преку збирни финансиски показатели за постигнатите резултати.







ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ



Согласно сметководствената евиденција презентирана во финансиските извештаи од годишната сметка, ЈЗУ Здравствен дом на Скопје во текот на 2016 година работеше со позитивен финансиски резултат- добивка , во износ од 1,314,706 денари.

1, ПРИХОДИ


Вкупните приходи на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје во 2016 година изнесуваат 714.680.732 денари и во споредба со претходната година се зголемени за 1,85%.
Најголем дел од приходите се средства од ФЗОМ , кои што во вкупните приходи учествуваат со 87,83%.
Приходите од буџетот преку Министерството за здравство на РМ за реализирани програмски активности за превентивна здравствена заштита учествуваат со 0,73% во вкупните приходи.
Останатите 11,44% се сопствени приходи од кои најголем дел се приходи од партиципација, извршени систематски прегледи на работници, издавање на лекарски уверенија за полагање возачки испит, прегледи на неосигурани лица, приходи остварени од закупнини и надоместоци за режиски трошоци од концесионерите во вкупен износ од  81.776.393 денари. 
 


p1_147307245.jpg





2. РАСХОДИ


Вкупните расходи на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје во 2016 година изнесуваат 713.366.026 денари и во споредба со минатата година се зголемени за 1,73%.
Во нивната структура се влезени следните групи на трошоци:
- Трошоци за плати и други лични примања
- Трошоци за медицински материјали
- Трошоци за немедицински материјали
- Режиски трошоци
- Трошоци за тековно одржување
- Договорни услуги
- Капитални инвестиции
- Други тековни расходи

2,1  Трошоци за плати и други лични примања
Платите и другите лични примања во ЈЗУ Здравствен дом на Скопје во текот на 2016 година се движеа во рамките на утврденото ниво согласно Законот за исплата на плати во РМ и Колективниот договор. Во текот на 2016 година имаме зголемување на платите кај докторите на медицина, доктори-специјалисти, доктори на стоматологија и дипломирани фармацевти.
Трошоците за плати и надоместоци во структурата на вкупните трошоци имаат најголемо учество од 64,83% и изнесуваат 462.489.564 денари.
Во однос на 2015 година трошоците за плати и други лични примања се зголемени за 1,28%.
2,2  Трошоци за медицински материјали
Трошоците за медицински материјали изнесуваат 72.092.477 денари, а во структурата на вкупните расходи учествуваат со 10,11%.
Според финансиските показатели трошоците за медицински материјали во споредба со претходната година се зголемени за 2,57%.

2,3 Трошоци за немедицински материјали
Трошоците за немедицински материјали (канцелариски материјали, обрасци, материјали за хигиена, материјали за поправка, ситен инвентар) во 2016 година изнесуваат 9.517.093 денари, а нивното учество во вкупните трошоци изнесува 1,33%.

2,4 Режиски трошоци
После трошоците за плати и надоместоци, режиските трошоци се најголема група на трошоци во Здравствен дом на Скопје. Нивното учество во вкупните трошоци е 9,74% и изнесуваат 69.448.696 денари. Во споредба со претходната година режиските трошоци бележат намалување за 15,7%.

2,5 Трошоци за тековно одржување
Групата трошоци за тековно одржување вклучува: поправка и одржување на возила, сервисирање на опрема, одржување на градежни објекти, одржување на софтвер и хардверска опрема, дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други неспомнати услуги за поправки и одржување.
Во текот на 2016 година вкупните трошоци за тековно одржување изнесуваат 24.772.307 денари и нивното учество во вкупните трошоци изнестува 3,47%. Во споредба со претходната година истите се зголемени за 12,07%.

2,6 Договорни услуги
Групата на договорни услуги во структурата на вкупните трошоци учествуваат со 3,89%. Дел од овие трошоци се однесуваат на законските обврски на Здравствен дом (камати, судски такси), договори на дело и авторски договори, исплати на ангажирани доктори во Ало докторе, огласи и конкурси, услуги од други здравствени установи, специјализации, кои што во вкупен износ изнесуваат 27.759.340 денари.

2,7 Капитални инвестиции
Капиталните инвестиции во 2016 година се однесуваат за набавка на медицинска опрема, компјутерска опрема, возила, мебел, реновирање на објекти. Во структурата на вкупните трошоци учествуваат со 5,14% и изнесуваат 36.675.002 денари. Во споредба со 2015 година капиталните инвестиции се зголемени за 5,78%.

2,8 Други тековни расходи
Останати трошоци (други тековни расходи)  се трошоци кои се однесуваат на исплатата на отпремнини на пензионери, каматни плаќања, плаќања по судски решенија, патни трошоци, ДДВ, во вкупен износ од 10.611.547 денари. Во вкупните трошоци учествуваат со 1,49%. 
 
p2_334238842.jpg 

 

Прилог: Биланс на приходи и расходи за 2016 година